Достапни линкови

logo-print

Азија: Над 550 загинати од водена болест, како последица на поплавите


Од таканаречената водена болест во Јужна Азија, која е зафатена од тешки поплави, досега починаа повеќе од 550 лица, јавија агенциите од Бангладеш. Главна причина е недостигот на чиста вода за пиење. Дождовната сезона оваа година однесе над илјада животи во Азија, од кои околу 400 во Јужна Кина. Хуманитарната агенција Кеир соопшти дека околу 24 милиони луѓе се бездомници и оти постои итна потреба од храна и засолништва.
XS
SM
MD
LG