Достапни линкови

Даблин: ЕУ инсистира на обновување на политичкиот процес на Косово


Европската Унија е загрижена од најновата ситуација на Косово и инсистира на обновување на политичкиот процес во Покраината, соопшти ирското претседателство со Унијата, пред денешниот почеток на дводневниот лидерски состанок во Брисел. Во соопштението се наведува дека Унијата нема да толерира етнички мотивирано насилство и се бара пред лицето на правдата да бидат изведени виновниците за минатонеделните немири на Косово. Европската Унија, како што се додава им дава целосна поддршка на шефот на УНМИК Хари Холкери и на политиката стандарди пред статус. Се очекува Унијата и Обединетите Нации наскоро заедно да предложат низа мерки со кои би се спречило какво било насилство на Косово.
XS
SM
MD
LG