Достапни линкови

Ерусалим: Шарон разговара за обновување на мировните преговори за Блискиот Исток


Израелскиот премиер Ариел Шарон денеска во Ерусалим разговара за обновување на мировните преговори за Блискиот Исток со претставниците на американскиот претседател Џорџ Буш. Според дипломатски извори, Шарон бара американска подршка за за планот за дислоцирање на еврејските населби од Појасот Газа, како и за бариерата на Западниот Брег. Вчера, Меѓународниот комитет на Црвениот Крст оцени дека бариерата е во спротивност со меѓународното право.
XS
SM
MD
LG