Достапни линкови

САД: Ден на независноста


Милиони Американци денеска го слават денот на независноста 4 јули со традиционалните забави. Портапаролот на Белата Куќа, Ари Флечер најави зголемени безбедносни мерки по предупредувањата на владата за потенцијални нови терористички напади. Флечер соопшти дека воени авиони ќе патролираат врз неколку градови вклучувајки ги Њујорк и Вашингтон кои беа цел на терористите на 11 септември минатат година при што загинаа над 3 илјади луѓе .
Флечер објасни зошто прославите поповод 4 јули треба да продолжат:

„Нема да им дозволиме на терористите да победат со тоа што ќе се откажеме од празникот.“

Во преземените мерки се предвидува и безбедносно покривање на околу две илјади настани ширум Америка кои се одржуваат по повод денот на независноста.
Официјални извори наведуваат дека сепак нема специфични и кредибилни информации кои сугерираат напад врз цели во Соединетите Држави.
XS
SM
MD
LG