Авганистанците кои добија дозвола за преселување во Соединетите Држави се плашат дека извршната наредба потпишана од претседателот Доналд Трамп ќе ги стави во голем ризик. Тие им помагаа на американските сили пред Талибанците да ја преземат контролата во 2021 година.
Денот на неговата инаугурација, 20 јануари 2025 година, новиот американски претседател Доналд Трамп го нарече „ден на ослободување“. Првите извршни наредби на Трамп се прогласување на вонредна состојба на јужната граница со Мексико и зголемување на американското производство на енергенси.
Од овој ден нашата земја повторно ќе процвета и ќе биде почитувана низ целиот свет, изјави, меѓу другото, Доналд Трамп, во говорот по преземањето на функцијата претседател на Соединетите држави. Тој денеска стана 47. претседател на САД.
Како дел од прекинот на огнот воспоставен по 471 дена војна, Хамас во Газа на 19 јануари им предаде тројца израелски заложници на работниците на Црвениот крст, кои потоа беа преземени од израелската армија и однесени во Израел.
Секоја година во Иран се убиваат жени и девојки од роднини кои велат дека ја штитат „честа“ на своето семејство. Еден извештај во ирански весник вели дека најмалку 165 случаи на фемицид се случиле во Иран помеѓу март 2021 година и јуни 2023 година.
По 15 месеци војна, Израел и Хамас постигнаа договор за прекин на огнот, овозможен од Катар и САД, кој ќе стави крај на конфликтот и ќе обезбеди враќање на израелските заложници, објавија претседателот на САД Џо Бајден и каратскиот премиер Ал Тани.
По една година интензивна трговија и градежни проекти во 2024 година, има нов моментум за растечката улога на Пекинг во Авганистан и продлабочување на врските со Талибанците. Но, дали загриженоста за безбедноста може да го спречи новиот бран инвестиции?
Додека јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол се соочува со импичмент на 14 јануари, тој добива значителна поддршка од фундаменталистичките христијански групи. Многу од овие групи беа формирани од луѓе кои побегнаа од комунистичка Северна Кореја во 1950-тите.
Уште пред седницата најголем дел од парламентарните партии и од власта и од опозицијата се изјаснија дека нема да гласаат „за“. Единствено, на денешната седница помина интерпелацијата за пратеничката Илире Даути, но од кабинетот на Гаши велат дека тоа нема обврзувачки последици и правно дејство.
Христијанско училиште на големата ерменска заедница во Лос Анџелес беше меѓу повеќе од 1.000 згради изгорени до темел од шумските пожари во јужна Калифорнија. Локалните Ерменци ветија дека ќе го обноват своето училиште и опишаа хаотични сцени на автопатишта при евакуацијата.
Демонстрантите во главниот град на Црна Гора, Подгорица, на 5 јануари побараа оставка од двајца министри по убиството на 12 лица во масовното пукање во градот Цетиње на новогодишната вечер.
Граѓаните од државите на Балканот за херои на годината издвојуваат спортисти, политичари, но и обични луѓе.
На 30 декември, американската администрација во заминување, објави пакет воена помош од 1,25 милијарди долари, чија цел е да се осигура дека „Украина ги има потребните капацитети за одбрана од руска агресија“.
Поранешниот американски претседател Џими Картер, почина на 100-годишна возраст. По неговиот турбулентен единствен мандат како претседател на САД следуваа децении глобална филантропија, дипломатија и Нобеловата награда за мир.
Од Централна Европа до Централна Азија и Авганистан, во 2024 година беа забележани екстремни поплави во многу земји, известуваше РСЕ. Ја прашуваме Ајеша Тандон, научна новинарка на веб-страницата Carbon Brief со седиште во Велика Британија, што ги предизвикува зачестените поплави.
Од замрзнати украински ровови до пазарите во Централна Азија, нашите фотографи раскажуваат како ја виделе 2024 година преку фотообјективот.
Киев беше само една од неколкуте цели во масовните руски воздушни напади низ Украина на 20 декември.
Студентите учествуваа во повеќенеделни протести во Србија по смртоносното уривање на покривот на железничката станица во Нови Сад минатиот месец. Еве зошто студентите одбиваат да ги прекинат демонстрациите.
Вчитај повеќе