Нелегитимните локални избори во окупираниот од Русија, Крим завршија на 8 септември. Гласањето, кое беше осудено од Украина, а непризнаено од повеќето земји во светот, најверојатно ќе ја зацврсти контролата на локалните елити врз власта на нелегално анектираниот полуостров
Многу од децата во „патриотско-националистичкиот“ летен камп во централна Украина имаат роднини кои се борат против руската инвазија. Момчињата и девојчињата, на возраст од 10-13 години, собираат пушки, учат прва помош и поминуваат низ симболични ритуали.
Окупиран од руските сили во март 2022 година и ослободен во ноември, Херсон повторно е во криза по пробивањето на големата брана на реката Днепар. Запрепастени, но не и изненадени, жителите кои остануваат во градот длабоко погоден од руската војна против Украина ја проценуваат штетата.