Охрид е рај на земјата. Нефи Усеини е од Охрид. Значи, ќотекот е излезен од Охрид. Овој силогизам се наметнува откако советникот од ДУИ во Општина Охрид, Нефи Усеини повторно натепа сограѓанин, четврти пат во три години, додека чека пресуда за претходните тепања.
Крени рака ако не си тепан од Нефи Усеини.
— Man (@goranman2) June 23, 2022
Две работи се бесконечни, Универзумот и боксовите на Нефи. За првото не сум баш сигурен pic.twitter.com/4BnW0nlX7J
— Daniel Evrosimoski (@evrosimoski) June 23, 2022
Порталот А1он објави дека овој инцидент се случил во просториите на Општина Охрид. Усеини и 56-годишниот нападнат охриѓанец зеле бројчиња за наддавање за тезгите поставени на кејот, по што дошло до вербална расправија, а потоа и тепачка со боксови.
„На 21.06.2022 година, околу 15:30 часот, на улицата Димитар Влахов во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад од Н.У. врз Т.В. (56), двајцата од Охрид. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат во охридската полиција.
Усеини во охридскиот суд чека пресуда за насилство за тепањето на неговиот сограѓанин Спиро Топалоски. Тепаниот прво ги пријави браќата Усеини дека го тепале со пиштол по глава, па потоа рече дека не бил тепан, иако настанот го има на снимки од камерите, а тој заврши во болница. Подоцна, Топалоски рече дека не се тепале, туку се гушкал со обвинетиот.
barem im dava pari na natepanite da promena izjavi vmilicija da si kupa neshtoПовторно Нефи Усеини со боксови натепа сограѓанин, четврти по ред за три години https://t.co/Sxkce4Ksla
— prostmoderen (@Magnetolicious) June 23, 2022
На суд е и предметот во кој Усеини се гони за претепувањето на Џемал Мена, советник од Беса во охридскиот совет, но рочиштата се одлагаат.
Во 2019 година, тој го тепаше и професорот Иљал Иљази од Универзитетот на Југоисточна Европа, но наместо кривична доби прекршочна пријава.
Некои граѓани се шегуваат дека Усеини е суперхерој кој ја зел правдата во свои раце.
Нефи со своите две руки спроведуе ред и дисциплина низ Охрид. Тоа му доаѓа нешто ко супер херој.
— Skopskiot (@Skopskiot) June 23, 2022
Охриѓани цел живот се тепаат со скопјани, ама дојде Нефи и ги стаи у ред. Не смеат да писнат pic.twitter.com/Ybn8hZw6qy
— Грегорич Пек (@marsedonec) June 22, 2022
Против него имаше и пријава за вербален напад врз инспектори од Скопје кои сакале да направат увид во неговата дивоградбата кај стариот Чинар во Охрид, но пријавата беше отфрлена.
Граѓаните на социјалните мрежи коментираат дека случајот со Усеини е само мал показен пример како функционира правната држава за луѓето со пари, моќ и влијание. Ако никој не му може ништо на еден локален шериф, што ќе им направи на оние со сериозна моќ на ниво на држава, прашуваат тие.
Стварно Нефи ви е пали-гаси во државава?Чоеков држава во држава е, ама битно оној со ќебапите уште е во затвор.🫤
— Сила :D (@KrakenMKD) June 22, 2022
Други, пак, се шегуваат дека Усеини треба да се прати да биде преговарач во спорот со Бугарија. Ако не бива со арно, можеби ќе биде по охридски.
Пуштете го Нефи во Брисел или во Бугарија - тоа мора да е решението
— Frasier and 42 others (@UsernameRonin) June 23, 2022
Да го пратевте нефи да преговара,ќе ги нашлакаше сите. Вие го одбравте бујар...
— 3aceTk0 (@BehSasKozite) June 22, 2022
Нефи пак тепа. Како него не го пуштивме да преговара со Бугарија, вака џабе силата ја троши
— Vanco Mihajlov a.k.a Ognen (@NemamBgPasos) June 22, 2022
Трети, пак, се шегуваат дека вештините на охридскиот советник може да се искористат за развој на садомазо туризам.
Во фаза на истрага се и два други предмети за дивоградби против Усеини. Еден за бетонска база во градот, а друга за летна тераса на државно земјиште.