Охридскиот регион ги исполни критериумите да биде впишан на Листата на УНЕСКО со светски богатства во опасност. УНЕСКО го објави Извештајот по однос реактивната Мониторинг-мисија од 2017 година, во кој на 125 страници ја отсликува ситуацијата на терен, со сите недоследности, пропусти, промашувања, отстапувања, грешки и неостварени ветувања за подобрување. Во Извештајот останува препораката Охридскиот регион да биде поместен на Листата загрозени светски природни и културни богатства.
Градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски, во пресрет на конечниот извештај за Охридскиот Регион кој УНЕСКО треба да го објави денеска, рече дека без разлика каква ќе биде одлуката, тие ќе продолжат „неуморно да работат за интересите на Охрид“.
Премиерот Зоран Заев на Фејсбук напиша дека податоците на УНЕСКО се стари и оти од лани е направено многу за Охрид.
Некои, пак, го потсетуваат дека и тој си има кабает поради политички калкулации.
Ние сме едина држава во светот, каде премиеро учествувал на свечено пуштање во употреба на дивоградба, во град на УНЕСКО. pic.twitter.com/B03nFadmar
— БаБаРоГ /////////// (@LepceSoSalamce) June 1, 2021
Дел од граѓаните велат дај средете го Охрид за туристи, од УНЕСКО не се живее.
И така Охрид ќе го изгуби статутот на град на Унеско, барем дај земете урбанизирајте се, напрајте модерни плажи , дискотеки да привлемечеме туристи да се вратат пари. Аман вече од докажување и пропаднати места. Абе туризам и пари ни се потребни! Преку такво од Унеско.
— На Стефан татко му-Андонот (@UBKvoVMRO) June 2, 2021
УНЕСКО не е поклонче BMW па да се опседнеш.#Клики pic.twitter.com/klGQkCnIDk
— Мартиан (@MartianfromMKD) July 7, 2019
Кој е тој УНЕСКО да ни кажува што да правиме, иронизираат други.
Ситуацијата со Охрид многумина ги потсети на изјавата на поранешниот камионџија, а тогаш воен градоначалник на Требиње Божидар Вучуревиќ, викан Божа Волан, кој по бомбардирањето на Дубровник од силите на тогашната ЈНА кон крајот на 1991 година, изјавил „Ако треба ќе изградиме уште поубав и постар Дубровник“.
Кога ќе се тргне заштитата, не платформи, ќе може бетонски остров да се изгради на сред езеро.
Еве, нема повеќе да им се меша во штипки. После категоријата "светско наследство во опасност", следна е "уништено/непостоечко светско наследство" и езерџиите ќе може на раат да го покријат со платформи, да начичкаат хотели до вода и да се занимаваат со туризам без ограничувања...
— tantela (@starmarsovec) June 1, 2021
Охриѓани и не ни сакаат нивниот град да е под заштита на УНЕСКО колку што разбрав низ годиниве...Поише сакаат да си градат хотели и тарасачки до езерото.Тоа е нивни избор.
— GjaolVanus (@VanusGjaol) June 1, 2021
Урбаната мафија прави сѐ што е во нејзина моќ Охрид да го изгуби УНЕСКО статусот. А она што урбаната мафија го сака, тоа урбаната мафија го добива. Жал ми е за Охрид. Ама тоа е дечки. Крај. 😓 https://t.co/IdVbpkgbHE
— Карамба Барамба (@karambabaramba) May 31, 2021
Трети се обидуваат да објаснат зошто заштитата на Охрид е важна.
Видете ја чаршијата во Скопје и само замислете што би му се случило на Охрид доколку не беше под заштита на УНЕСКО.
— 🏳️🌈ТвитеротНаАнаФранк🇲🇰 (@box_kiki) June 1, 2021
Охриѓани потсетуваат дека проблемите почнаа да настануваат кога плажите почнаа да добиваат газди.
Охридскиот регион е на листата на Светско наследство на УНЕСКО од 1979 година.
Погледнете ја нашата најнова репортажа за уништувањето на Охридското Езеро.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5