Фестивал што ја трансформира Приштина

Овој споменик од времето на Југославија некогаш беше сведоштво за различните етнички групи во Косово. Денес тој стои завиткан во фолија во боја на роза, аплицирана од швајцарскиот уметник Уго Рондиноне како дел од биеналето Манифеста 14 во Приштина.

Културниот настан значи дека уметничките дела, како што е оваа непостоечка пумпа за гас, во моментов може да се видат низ Приштина и во северниот косовски град Митровица.

Посетители ја гледаат инсталацијата наречена Кажи ми ја својата приказна на јапонскиот уметник Чихару Шиота во Приштина, на 16 август.

Манифеста 14 е поттикната од, како што велат организаторите, „глобалната потреба да се повратат и да се осмислат јавните простори“.

 

Уметничко дело во поранешна фабрика за тули во Приштина

Првото биенале на Манифеста беше одржано во 1994 година во Ротердам „како одговор на политичките, економските и социјалните промени по крајот на Студената војна и последователните чекори кон европската интеграција“, се вели на веб-страницата на организацијата. Оттогаш, настанот се одржува во различни градови низ Европа.

Луѓе сликаат уметничко дело на отворено на асфалтот пред поранешната фабрика за тули во Приштина.

Манифеста 14 беше отворена на 21 јули, а ќе трае до 30 октомври.

 

На 8 август, британско-косовска пејачка Дуа Липа беше фотографирана како посетува некои од експонатите на Манифеста 14.

Уметничко дело во приштинскиот хотел Гранд

Манифестата 14 наиде главно на пофалби, иако дури и некои од поприспособените критичари кои ги посетија забележуваат дека некои од експонатите изгледаат недовршени.

 

Мурал насликан за биеналето

Грант од ЕУ, како и разни фондови од Холандија, обезбедија повеќе од 1,5 милиони американски долари за настанот.



 

Повторно обоени споменици од социјалистичката ера и некои сомнителни уметнички дела го одбележуваат биеналето „Манифеста“ што моментално се одржува во Косово.