Трамп и Белата куќа со нови анти-корона мерки

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе нова група мерки за спречување на ширење на коронавирусот, вклучително и избегнување на митинзи во групи со повеќе од 10 лица и избегнување на посети во ресторани, барови и трговски центри и препораки за работа од дома, пренесе АП.

„Ако се чувствувате лошо, останете дома, не одете на училиште. Ако вашите деца се болни, не ги праќајте на училиште“, е една од новите мерки што ги воведе Белата куќа, која ги советува американските граѓани дека ако некој во нивното домаќинство заболел од коронавирусот, сите членови на тоа домаќинство треба да останат дома.

„И постарите треба да останат дома и да избегнуваат други луѓе. Истата препорака се однесува на луѓе кои веќе имаат некои здравствени проблеми, како што се проблеми со срцето или белите дробови. На американските учениции во училиштата и факултетите им се препорачува да работат од дома секогаш кога е можно. На граѓаните им се советува да избегнуваат јадење и пиење во ресторани и барови, но да користат услуги за испорака на храна или ресторани за брза храна. Грижете се повеќе за личната хигиена и избегнувајте посети на здравствени установи без потреба“, се дел од препораките на Белата куќа.

Белата куќа, меѓу другото, препорачува да се затворат ресторани, барови и спортски сали во САД, каде што се пријавени случаи на коронавирус, пренесе АП.