Тајни смс пораки и јавни поддршки

МАКЕДОНИЈА - На најновото рочиште за предметот Монструм, за петкратното убиство кај Смилковско езеро, судијата Шабан Османи прочита транскрипт од СМС порака со содржина: Полицаец со инцијали З.Т. на соговорник му кажува дека позади убиството на момчињата и рибарот на Смилковското Езеро стои поранешниот полицаец и командир на ГП Блаце, а сегашен убиец на полицаец. Обвинителка во случајот, Фатиме Фетаи, праша до каде е постапката со екстрадиција од Косово на двајца од обвинетите.

МАКЕДОНИЈА - Убеден сум дека Северна Македонија ќе биде силна земја сојузник во НАТО и сигурен сум дека Сенатот на САД оваа есен ќе го одобри Протоколот за членство, со што и формално ќе ви пасакаме добредојде во Алијансата, изјави американскиот државен секретар Мајк Помпео, по средбата со премиерот Зоран Заев во Охрид.

МАКЕДОНИЈА - Посетата на американскиот државен секретар Мајк Помпео е во исклучително важен период за нашата земја и е потврда за пријателството меѓу САД и Северна Македонија, засновано на заедничките вредности за мир, слобода и демократија, рекол македонскиот претседател Стево Пендаровски на средбата со шефот на американската дипломатија, соопшти Кабинетот на Претседателот.

МАКЕДОНИЈА - Осумнаесет години од посетата на последниот државен секретар Колин Пауел кој дојде во едно кризно време, сега секретарот Помпео доаѓа во време на надеж и шанси, изјави шефот на дипломатијата Никола Димитров, по повод посетата на државниот секретар на САД, Мајк Помпео.

МАКЕДОНИЈА - Скопскиот Апелациски суд не го прифати барањето на одбраната на осомничениот Бојан Јовановски – Боки 13 во случајот Рекет да му се укине мерката притвор. По разгледувањето на жалбата, Судот одлучил дека се уште постои опасност Боки 13 да побегне, како и да го повтори делото. Јовановски и неговата пдбрана бараа домашен притвор и хоспитализација, повикувајќи се на нарушено здравје на Јовановски и на медицинска документација со препорака за хоспитализација.

МАКЕДОНИЈА - Скендер Бузаку во Основното јавно обвинителство во Скопје доставил докази кои, според него, покажуваат дека, како што рече, поглаварот на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи, сторил кривични дела перење пари и злоупотреба на службена положба и овластување. Бузаку тврди дека, како што рече, Реџепи перел пари преку приватна фирма и со тоа противправно земал 700.000 евра од ИВЗ.

македонија - Основниот суд Скопје 1 не е надлежен да спроведува истраги за протечени документи, но извршени се разговори со повеќе лица и утврдено е дека документот не е излезен од судот, одговорија од Основниот суд Скопје 1, на брифингот со новинарите, на прашањето за протекувањето на дел од исказот на Орце Камчев за предметот Рекет.

МАКЕДОНИЈА - Меѓу смс пораките и транскриптите од нелегално прислушуваните разговори, кои беа преслушани на рочиштето за случајот Монструм, има и разговор во кој еден од учесниците е поранешниот руски амбасадор во Македонија, Олег Шчербак.

УКРАИНА - Главниот обвинител на Украина, Руслан Рјабошапка, изјави дека не знае за каква било нелегална активност од страна на синот на поранешниот потпретседател на САД, Џо Бајден, но, дека неговата канцеларија разгледува неколку затворени случаи, вклучително и оние поврзани со бензинска компанија каде работел Хантер Бајден, син на Џо Бајден.

ИРСКА - Премиерот на Република Ирска, Лео Варадкар изјави дека неговата земја ќе размисли да го одложи Брегзит доколку Велика Британија тоа го побара, додавајќи дека тоа е подобра опција отколку да ја напушти ЕУ без договор на 31 октомври.

РУСИЈА - Руското МНР го повика иранскиот амбасадор во Москва поради приведувањето на руската новинарка во Техеран, соопшти портпаролката на Министерството, Марија Захарова, пренесе агенцијата Ројтерс. Неофицијално, руската новинарска се сомничи за шпионажа.

РУСИЈА - Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија ѝ помага на Кинa да направи систем за предупредување од ракетни напади, каков што моментално имаат само САД и Русија, пренесе агенцијата АП.

КОСОВО - Шефот на косовската дипломатија во оставка, Беџет Пацоли, го поздрави назначувањето на американскиот амбасадор во Германија, Ричард Гренел, за специјален пратеник на претседателот Доналд Трамп за преговорите меѓу Косово и Србија и рече дека Трамп сака Србија да го признае Косово, јави МИА од Приштина.