Судот одлучи поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков да остане во притвор и покрај паричната гаранција од скоро 11 милиони евра со која бараше да се брани од слобода. Обвинителството претходно ја прифати гаранцијата и се согласи дека „не беше Мијалков роден за тие пусти притвори“.
Во два различни процеси Мијалков е првостепено осуден на вкупна казна од 20 години затвор, а додека се чека правосилност на пресудата тој е во притвор поради опасност од бегство.
Дел од граѓаните на социјалните мрежи коментираат дека притворот не е укинат по жестоката реакција во јавноста.
Среќа наша зовреа социјалните мрежи па судот немаше друг избор освен да постапи правилно (емоџи)Мијалков останува во притвор, судот ја одби гаранцијата https://t.co/vDCqDhBfg3
— Фломастери (@Jane_Sk) May 20, 2021
Други, пак, сè уште сметаат дека има договор меѓу Мијалков и власта, но само се чека погоден момент за негово пуштање.
Го пуштија Мијалков, им треба за локалните избори.
— . (@qelav) May 20, 2021
Мијалков-Заев театар pic.twitter.com/yIf8x2jU5A
— СКИТНИКОТ (@Skitnikot7) May 19, 2021
Искрено, разочаран сум! Многу повеќе очекував од Мијалков. А ако е договор, тогаш многу лошо го направил бидејќи сега и имиџот што го имаше со години му е сведен на нула. https://t.co/IwAwGyYKos
— Just Smart (@mmalahoff) May 19, 2021
Трети помалку потсмешливо прашуваат од каде му 11 милиони евра на државен службеник со плата од 1000 евра, па прецизно пресметуваат дека ако воопшто не трошел би му требале 916 години за да ги заработи тие пари.
Која иронија..Мијалков за гаранција ги нуди нашите украдени пари?!
— GorgeKocev (@gorge_kocev) May 19, 2021
Во 2009 год. излезе еден документ дека Мијалков на пријавил 1.5 мил. евра од продажабата на фирмата.Тогаш се појавија и податоци дека поседува во Прага 9 локации за градба на атрактивни локации.Сеуште прашувате од каде му се парите?
— Тана (@tana_naapana) May 20, 2021
За Гејтс не прашуете од кај му пари бе, за Мијалков се фативте!
— Букет (@Bouqet100) May 20, 2021
Само Сашо Мијалков со плата од 1000 евра може да заштеди 11 милиони евра.#феномен pic.twitter.com/QyghStcHGW
— Џон Крокодилов (@johnkrokodil) May 19, 2021
Мијалков. pic.twitter.com/K3BFGKxr7a
— Петар Пан (@kapitenot_) May 20, 2021
Влага Мијалков у обвинителство става 11М € на биро и на Русковска и вика:- Не треба кусур пијте по едно пиво
— ЗЛОЧКО ВАКЦИНИРАН (@srce_swatko) May 20, 2021
Четврти инсистираат тој да биде пуштен да избега, а државата да ја добие најголемата инвестиција.
Реално требаше на Мијалков да му земат 100 милиони евра кауција и да го пуштат да избега.Најдобра странска инвестиција ќе беше во последните 4 години.
— 🍀Зоки Поки🍀 (@TheZokiPoki) May 19, 2021
Штом Мијалков понудил 11 милиони, да знаете дека има и 111 милиони.И овој пат, навистина ќе избега. https://t.co/66AFeulz1f
— Че Гевара (@CheGuev21277156) May 19, 2021
Други, пак, со иронични забелешки ја коментираат понудената сума. Кој како си ја наредил.
Овај 11 000 000е ќе лупни на суво, а јас уште рио маре туна немам пробано. pic.twitter.com/qjqNkgp5Ku
— Вуди (@KarcheskiKZ) May 19, 2021
Некои иронично забележуваат дека за парите прашуваат само оние кои не знаат да штедат.
Ем штедел, ем чесно заработил, сТрамота е вакви луѓе да се влечкаат по судови, разбирам тоа да мувсе прави на некој тежок криминалец шо украдил точак, или мафијаш шо краде ќебапи 🙂
— . (@EdenKlin) May 19, 2021
Луѓето кои најмногу мрчат за тоа дека Мијалков дал 11 милиони се оние кои не знаат да штедат.
— Benny Lava (@Andov_S) May 19, 2021
Ај сега да му се извинат сите на Мијалков што викаат дека направил милјарди. Едвај 11 милиони евра собра кутриот
— TheReal (@Stefan_Tod) May 19, 2021
Кривичниот совет во Основниот кривичен суд во Скопје, одби да ја замени мерката притвор со понудената парична гаранција од 10,8 милиони евра, иако обвинителството ја прифати кауцијата. Мијалков има рок од три дена да ја обжали оваа одлука пред Апелациониот суд.
Во случајот Трезор за набавка на опрема за следење на електронски комуникации Мијалков е осуден во првостепена постапка на осум години затвор. Одделно, за случајот „Таргет – Тврдина“ за нелегалното прислушување, тој е првостепено осуден на 12 години казна затвор, а против него се водат и други постапки.
На 22 февруари му беше определен притвор на Мијалков, но тој „исчезна“ и 24 часа беше недостапен за полицијата у судот. Потоа сам се појави со образложение дека не избегал, туку имал симптоми на коронавирус и затоа се самоизолирал.