Спасовски: Попладне одлука за карантинот според стручни препораки

Архивска фотографија - Премиерот Оливер Спасовски на прес-конференција во Владата

На денешната владина седница во 17 часот ќе се одлучува колку ќе трае карантинот за претстојниот продолжен викенд, изјави денеска премиерот Оливер Спасовски и додаде дека одлуките во однос на ситуацијата со коронавирусот се носат исклучиво врз основа на оценките на науката, на стручните луѓе и во тој контекст сите партии имаат речиси идентичен став, освен претставникот на опозицијата.

„Има препорака пред три дена од Комисијата за заразни болести во однос на карантинот, но за денеска одлучив да ја закажам седницата на Владата. Нема други причини, ниту недоразбирања, ниту различни ставови, прилично сме унисони дека треба да носиме одлука врз основа на науката, а не врз основа на политиката. Скоро 100 отсто, освен претставникот на опозицијата. И досега, не само што се повикувавме, туку и го носевме одлуките врз основа на стручните луѓе“, рече Спасовски.