Скопски поетски фестивал: квалитетна култура наспроти кич и шунд

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

На културниот календар на Скопје, од овој први септември стои интернационалниот Скопски поетски фестивал. Со идеја да направат спој на светската и домашната книжевност со повеќе уметнички димензии, на отворањето во Младинскиот културен центар, организаторите понудија поетски стихови придружувани од музика и глас, во едниот агол, и уметничка изложба во другиот.