Си Џипинг во посета на Грција

На покана на грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, претседателот на Кина, Си Џинпинг, денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Си Џинпинг се очекува во вечерните часови да пристигне во Атина, а во текот на утрешниот ден ќе биде примен од неговиот грчки колега, а ќе има средба и со премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис.

Паралелно, планирано е да го посети седиштето на кинеската компанија COSCO на атинското пристаниште Пиреас, но и музејот на Акропол. Претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос, во интервју за кинеската телевизија CCTV вели дека посетата на Си Џинпинг на Атина означува нов период во односите меѓу двете земји.