За да влезам во кафеана или во трговски центар треба да покажам вакцинален сертификат, тогаш сигурно имам право да му побарам потврда на вакцинација на некого што треба да го пуштам дома, коментираат граѓаните на социјалните мрежи по веста дека попишувачите не мора да бидат вакцинирани.
Може ли некој од тие таму што смислуваат протоколи да објасни зошто за човек да седи во кафана (и тоа на отворено) треба да е вакциниран, а човек што ќе влегува во 10 домови дневно не треба да е?
— Шукар Чавела (@jovanatozija) August 25, 2021
Време е за кампања "СТОП за невакцинирани попишувачи". https://t.co/QOXAEmj0bF
— John Q (@johnqqqqqqq) August 25, 2021
Можеме лесно да го решиме ова со наводните невакцинирани попишувачи. Ти доаѓа на врата и ти бара лична карта, ти му бараш него сертификат.
— Eмка Кремка (@EmmaCvetche) August 25, 2021
Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски изјави дека голем дел од пријавените попишувачи се вакцинирани, но оти тоа не услов. Вакцината не е задолжителна, па ние не може да им бараме на попишувачите да се вакцинираат, вели тој. Симовски сепак уверува дека попишувачите строго ќе ги почитуваат протоколите за заштита – ќе носат маски, средства за дезинфекција, а секаде каде што условите го дозволуваат тоа попишувањето ќе се одржува на отворено.
Една третина од пријавните попишувачи се вакцинирани, а половина од останатите би се вакцинирале, вели директорот на Државниот завод за статистика Симовски - https://t.co/2cIb41V9ID Значи во кафана ке бидеш казнет,ама и дома ако не пуштиш пак ке бидеш казнет!Аферим бе,абдали!!!!
— Тут анк Амон (@majstor2003) August 25, 2021
Значи ко невакцинирани не смееме во затворени објекти, ама они дека се попишувачи пратени од Влада смеат да дојдат кај нас дома?Оуууукеј.
— Zoran Makedonski (@ZMakedonski) August 25, 2021
ако има вирус треба да се вакцинирани за да ми влезат дома кога веќе има вакцина, ако нема вирус и пандемија не мора. Пред 6 месеца рекоа дека имало вирус и пандемија и се одлага за да се вакцинира народ и попишувачи. Појасно?
— Џедај до гроп од ex ФИРОМ (@kjosmofon) August 25, 2021
Не ми е. Нека пратат вакцинирани попишувачи со бар 2 недели поминато од втора доза. Има доволно вакцини, форсираат остатокот од населението да се вакцинира, ако можам јас да се вакцинирам за да допринесам на општото здравје можат и тие.
— Andrej Naumovski (@naumovskhi) August 25, 2021
Не знам тоа. Јас ќе ги примам во ходник од зграда, максимум. Ако ме спуца параноја - надвор пред зграда.
— Shoku Boro (@borokitanoski) August 25, 2021
те молам, да бидеме реални. нема апсолутно никаква рационална основа ова да се брани - од „нема потреба да се вакцинирани“, па до pipe dream-от дека попишувачите избрани од популација која 60% носи маска под нос, ќе ги почитуваат мерките. бонус поени: делта сој.
— The educated брада (@ViksaaSkool) August 25, 2021
Со критики излезе и поранешната директорка на Државниот завод за статистика.
За да почитуваат мерките, нема да може со попишувачите да се „испие по една“.
Оваа одлука им даде ветар во грб на оние кои заговараат бојкот на пописот.
Пописот треба да почне на 5 септември и ќе трае до крајот на месецот.
Од друга страна, други се закануваат дека нема да примат вакцинирани попишувачи.
Јас сум невакциниран и не примам дома вакцинирани. Потенцијална бомба се вакцинираните. Што ќе ми е дома "легален асимптоматски преносител".
— Shejtan Muva (@ShejtanM) August 26, 2021
Јас како невакциниран и совесен граѓанин на РМ не отварам врата на вакцинираните попишувачи. Официјално и со одредба од владата сум закана за јавното здравје а најмногу за вакцинираните. ФМП !
— AnnaApashana (@KarenjinaAnna) August 24, 2021
Летоска бројот на случаи се намали до едноцифрен број дневно, па речиси и да се не почитуваа никакви мерки против коронавирусот. Сега, кога секојдневно има по над 1000 нови случаи изгледа дека ќе мора да се пази.
Власта уверува дека пописот ќе биде спроведен во најдобар ред. За да го реши проблемот со недостиг на попишувачи, владата донесе одлука да ги задолжи институциите, по можност, да ги стават времено вработените на располагање на Државниот завод за статистика за потребите на пописот.