Претреси и биткоини

МАКЕДОНИЈА - Обвинителката Фатиме Фетаи одбила да биде претресена на влезот од Специјалното јавно обвинителство. Како што изјави Фетаи, таа била запрена од полицаецот на влезот и била известена за наредбата од специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за претресување на сите вработени во СЈО.

МАКЕДОНИЈА - Нема подобро место и подобро време за прослава на нашиот заеднички јубилеј одтоклу сега во нашиот главен град кога ги броиме практично последните денови до нашето членство во НАТО, рекоа министерката за одбрана Радмила Шекеринска и командантот на Националната гарда на Вермонт, полковник Грегори Најт на заедничката прес-конференција во Скопје.

финска - Финската министерка за надворешни работи, Тути Тупураинен, изјави дека Финска, како актуелен претседавач со ЕУ, дава поддршка за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и дека очекува тоа да се случи во октомври. Таа, на заедничката прес-конференција со вицепремиерот Бујар Османи, кој е во посета на Финска, рече дека случајот Рекет не би требало да влијае на доделувањето на датум за преговори со ЕУ, но дека случајот е тест за правниот систем во Македонија.

САД - Американскиот советник за национална безбедност, Џон Болтон, ја обвини Русија дека прави хиперсонични ракети засновани врз украдена американска воена технологија, објавија новинските агенции.

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - Изгласување недоверба на владата што е можно побрзо и формирање привремена влада предводена од Џереми Корбин за да се одложи излегувањето на земјата од ЕУ, побара британската опозициска Лабуристичка партија, објавија британските медиуми и светските новински агенции.

ТУРЦИЈА - Шефот на турската држава Реџеп Таип Ердоган ќe ја посети Србија на 29 август, при што претседателот Александар Вучиќ и турскиот претседател официјално ќе го означат очетокот на изградбата на автопатот Белград - Сараево, објави новинската агенција Танјуг.

СРБИЈА - Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, смета дека неекстрадирањето на поранешниот ОВК командат Томот Морина од Македонија во Србија е политичка одлука, објави МИА.

НОВ ЗЕЛАНД - Новозеландската Влада одлучи да го прифати биткоинот како средство за исплата на платите, бидејќи оваа криптовалута е поврзана и со стандардните валути, објавија светските новински агенции. Со тоа Нов Зеланд стана првата земја што дозволи исплата на плати во криптовалута.