Министерството за образование и наука, со поддршка од Владата донесе одлука за формирање Совет за унапредување на образованието и науката, во кој ќе членуваат премиерот и четворица министри. Граѓаните на социјалните мрежи прашуваат како Владата која цело тримесечје не може да им обезбеди учебници на децата, ќе го оправа образованието.
Со Советот ќе претседава премиерот Димитар Ковачевски, а во состав ќе бидат министерот за образование Јетон Шаќири, првиот вицепремиер Артан Груби, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и министерот за финансии Фатмир Бесими.
Нивна задача ќе биде подобрување на квалитетот на образованието и науката, оптимизација, зајакнување на системите за оценување, реформирање на наставните програми, прилагодување на стручното и високото образование кон потребите на пазарот на трудот.
Во исто време, учениците повеќе од еден месец немаат учебници. Тие од прво, второ, четврто и петто одделение, наместо учебници, добија материјали за учење, односно една книга во која има содржини од сите предмети. Другите добиле распарталени учебници на кои им фалат страници. Министерот за образование Јетон Шаќири рече дека очекува овој и наредниот месец да завршат сите процедури и децата да добијат учебници. До тогаш може да заврши полугодието.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Како што снегот ги изненадува секој јануари, така и школската година ги изненади на 1 септември, коментираат граѓаните на социјалните мрежи. Затоа и составот на Советот не влева голема доверба кај граѓаните.
Се формира Совет за унапредување на образованието и науката.Со советот ќе преседава Таче.Членови:- Министер за образование Јетон Шаќири- Вицепремиер Артан Груби- Вицепремиер за економски прашања Фатмир Бетиќи - Министер за финанси Фатмир Бесими.Другари пасошот и бегајте
— МенталисТ (@SmetaloLevo) October 5, 2022
Државниот совет за образование не се придржува на еднаква застапеност.Нема ни една жена.
— Андон (@LazovJanev) October 5, 2022
Немојте да ги критикувате членовите на Советот за образование и наука.Завршија основен курс со одличен успех!(Ѓерасим од Кавадарци, тренер на магариња) pic.twitter.com/QK35eD2ftQ
— Ѓерасим (@erasim8) October 6, 2022
Други, пак, прашуваат што ќе ни е Совет, кога има и Министерство и Биро за развој на образование и уште неколку институции задолжени за образование.
Катттп, не са способни, не ги бидуе и ова е ка тоа изрека: ако сакаш нешто да не се заврши формирај комисија. Едни учебници и сведителства не може да обезбеда на време, ќе праеле трансформација на образованието. Дрн дрн милојко
— Atticus Proud Неутробот Finch (@MoPkoB4E) October 5, 2022
Кажете му на господинот дека прво треба да се обезбедат учебници за основното образование. Четвртата индустријализација може подоцна да се направи.
— Џорџ Орвел (@bakraci) October 3, 2022
Сега Груби, Ковачевски и Битиќи кога ќе му влезат на образованието, има партали да биде. Пошто немаат друга работа. Додуша едниот и нема државна, има партиска, ама го водиме на државно за плата и привилегии.
— Shoku Boro (@borokitanoski) October 5, 2022
Во активностите на Совет ќе учествуваат Сојузот на средношколци, Интеруниверзитетската конференција, Националниот совет за високо образование, Агенцијата за квалитет во високото образование, Одборот за акредитација на високото образование, Одборот за евалуација на високото образование, студентските собранија, Бирото за развој на образованието, Центарот за стручно образование, Државниот испитен центар, Државниот просветен инспекторат и Центарот за образование на возрасни.
Поради ненавремено распишување на тендер, учениците навреме не добија ни свидетелства за минатата учебна година, па им ги поделија пред стартот на оваа.