Од велешки врски до британска глума

МАКЕДОНИЈА / САД - Страницата на Фејсбук - Ветераните за Трамп - каде што поранешните претставници на армиските служби го советуваат и дебатираат со американскиот ретседател Доналд Трамп, од март годинава е киднапирана од еден бизнисмен од Северна Македонија, кој е поврзан со велешката група од случајот со лажните вести за време на американските претседателски избори. објави весникот Вашингтон пост, а пренесе ИРЛ.

МАКЕДОНИЈА - Кривичниот суд ѝ го продолжи притворот на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева за уште 30 дена. Таа се наоѓа во притвор во истражниот затвор Скопје и сегашната мерка притвор и истекува в петок.

МАКЕДОНИЈА - На протестот поради насилството врз нив, лекарите и медицинскиот персонал им порачаа на пациентите да престанат да ги тепаат, дека прават се што можат за нив, дека проблемот во здравството е системски и дека ако не се решат клучните прашања и не запре насилството, докторите нема да работат.

МАКЕДОНИЈА - Со преслушување на 25 снимени разговори, т.н. бомби на СДСМ, во Основниот кривичен суд во Скопје се одржа новото рочиште за судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро, познато како предмет Монструм на СЈО. Следното рочиште е закажано за 4 октомври.

САД - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го избрал Роберт О’Брајан да го замени Џон Болтон како советник за национална безбедност во Белата куќа.

РУСИЈА - Анатолиј Кучерена, адвокатот на американскиот свиркач Едвард Сноуден, изјави дека руската влада се обидела, но не успеала да го регрутира неговиот клиент кој е поранешен американски разузнавач, пренесоа светските новински агенции.

БЕЛГИЈА - Сослушувањата на кандидатите за идни еврокомесари ќе се одржат од 30 септември до 8 октомври во Европскиот Парламент. Европратениците се подготвуваат за жестока дебата со некои од кандидатите, меѓу кои и Унгарецот Ласло Трочањи, за кој се крена најмногу прашина, пренесуваат новинските агенции.

САД - Руската влада го хакирала комуникацискиот систем на ФБИ за да го спречи Бирото да ги следи руските шпиони што работат во САД, објави Јаху њуз, во својата, како што вели интернет медиумот, ексклузивна истражувачка сторија.

ШПАНИЈА - Шпанскиот крал Фелипе Шестти објави дека нема да предложи ниту еден кандидат за формирање на нова влада со што би требало да се отвори патот за одржување нови парламентарни избори, четврти во изминативе четири години.

ФРАНЦИЈА - Преговарачот на ЕУ за Брегзит, Мишел Барние, му порача на британскиот премиер Борис Џонсон да престане да се преправа дека преговара за договор за Брегзит.