Покани и шпиони

МАКЕДОНИЈА - По информациите во некои медиуми дека рускиот постојан претставник во Европската унија, Владимир Чижов, ги поканил Северна Македонија и Албанија да влезат во Евроазиската економска унија (ЕЕУ), од македонската влада велат дека досега не добиле покана за пристапување во неа.

САД - Американскиот експерт за Балканот Даниел Сервер оценува дека Европејците и Американците ќе вршат притисок врз Приштина да постигне договор со Белград пред изборите во Србија на пролет 2020 година.

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - Британија по скоро еден век ќе одржи избори во декември. До ова доаѓа откако премиерот Борис Џонсон го доби одобрението од парламентот за предвремени избори со цел да се надмине ќор-сокакот околу Брегзитот.

ТУРЦИЈА / СИРИЈА - Заедничките турско-руски патроли в петок ќе започнат со патролирање, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, откако руските власти соопштија дека сириските Курди се повлекле од пограничниот регион, како што беше договорено.

УНГАРИЈА / РУСИЈА - Унгарија и Русија потпишаа неколку важни економски, социјални и безбедносни договори за време на посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Будимпешта, соопшти унгарското Министерство за надворешни работи.

ЈЕМЕН - Дел од големите патишта во Либан повторно се отворени, откако армијата ги повика демонстрантите да ги укинат блокадите. Демонстрантите ги блокираа патиштата за време на големите протести кои го принудија премиерот да си даде оставка.

БУГАРИЈА - Бугарското Министертвао за надворешни работи му даде на рускиот дипломат, обвинет за шпионажа, 24 часа да ја напушти земјата. До ова дојде откако официјална Москва не го исполнила барањето на Софија да го отповика до 28 октомври.

ЕРМЕНИЈА / САД / ТУРЦИЈА - Американскиот претставнички дом со големо мнозинство донесе резолуција со коjа за геноцид се сметаат убиствата на Ерменците во Отоманската империја на почетокот на 20 век. Потегот го поздрави Ерменија, но наиде на негодување од Турција.