„Не сакам да ме сожалувате, сакам да престане општествената стигма!“

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Грузиецот Гиорги Кизанишвили ги изгубил своите раце во несреќа кога имал 9 години. Сега има 26 и работи како водич во музеј, се залага за правата на лицата со попреченост, а се натпреварува и во боречки вештини. Вели дека има две нешта кои може да го подобрат неговиот живот - поддршка од државата за да најми личен асистент и крај на општествената стигма која продолжува да го следи.