Признавам, не признавам...

МАКЕДОНИЈА - Премиерот Зоран Заев за време на средбата со неговиот бугарски колега Бојко Борисов во Софија порача дека Македонија во јуни може да ги почне преговорите со Европската унија. Заев нагласи дека трговијата со Бугарија бележи раст по потпишувањето на Договорот за добрососедство.

МАКЕДОНИЈА - Раул Гонзалес и Ракометната федерација на Македонија спогодбено го раскинале договорот, по што шпанскиот стратег веќе не е селектор на македонската ракометна репрезентација, објави РМФ.

ГРЦИЈА - Не може да се повтори процес сличен на оној што во 2008 ја спречи Македонија да се приклучи кон НАТО (со закана со вето). Ратификацијата на Преспанскиот договор во грчкиот парламент ја отстрани единствената пречка за пристапот на земјата во 2008 година - нејзиното уставно име.

САД - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сака да ја задржи војската во Ирак за да може да го надгледува Иран, бидејќи таа земја претставувала вистински проблем.

ИРАН - Иранскиот претседател Бархам Салих изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп не побарал дозвола од Багдад за распоредувањето на американски сили во Ирак со цел да ја набљудуваат неговата земја.

ФРАНЦИЈА / ВЕНЕЦУЕЛА - Франција, Велика Британија, Шпанија и Шведска го признаа Хуан Гуаидо како вршител на должноста водач, откако Николас Мадуро го отфрли ултиматумот од европските земји да свика предвремени избори во Венецуела.

РУСИЈА - Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва смета оти обидите на некои држави да ја легитимираат узурпацијата на власта во Венецуела претставува мешање во внатрешните работи на таа држава. Гласноговорникот на Путин додаде дека политичката криза во Венецуела може да ја решат само Венецуелците.

ОБЕДИНЕТИ АРАПСКИ ЕМИРАТИ - Поглаварот на Римокатоличката црква Папата Франциско престојува во историска посета на Обединетите Арапски емирати во текот на која ќе настојува да сврти страница во односите меѓу христијаните и муслиманите.

СРБИЈА - Српската православна црква нема да ја признае новата црква создадена во Украина, изјави патријархот на СПЦ, Иринеј за ТВ Русија 1.

РУСИЈА - Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека целосното повлекување на САД од Договорот за нуклеарни ракети со среден дострел (ИНФ) не најавува почеток на нова Студена војна.

БАХАМИ - Најмалку 28 лица се загинати, а само 17 биле спасени откако брод со мигранти од Хаити потона крај брегот на Бахамите, објави Мајами Хералд, повикувајќи се на официјален извештај од локалните власти.