Коце, Катица, Ана, Гулнара и црните фотони на ЦЕРН

МАКЕДОНИЈА - Против поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски и уште три лица од градската администрација е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овласувања при изборот на директор на ЈП Водовод и Канализација Скопје, по оглас од 2014 година.

МАКЕДОНИЈА - Шефицата на СЈО, Катица Јанева изјави дека обвинителството си го заслужило местото во институциите на државата. Според неа, покрај тоа што ќе продолжи да работи во неограничен мандат, најважно е што протокот на предметите што досега ги работеше нема да завршат со ниедно законско решение. На прашањето дали со новиот закон нема да се спаси некој од политичарите односно функционерите ако т.н. бомби нема да бидат докази, таа рече дека се е можно.

БЕЛГИЈА - Амбасадорите на ЕУ се согласија да воведат нови санкции за осум руски државјани вмешани во заробувањето на 24 украински морнари во инцидентот кој се случи во близина на теснецот Керч во ноември минатата година.

САД / ТУРЦИЈА - Американскиот Стејт департмент ја предупреди Турција да не го купува рускиот систем за противвоздушна одбрана С-400. Во таков случај, како што рече портпаролот Роберт Паладино, Вашингтон ќе ја преразгледа најавената продажба на Турција на 100 од последната, петта генерација на напредните авиони Ф-35. Исто така Вашингтон би можело да се повлече од понудата за продажба на американскиот противракетен ситем Патриот.

КОСОВО - Косовскиот премиер Рамуш Харадинај најави дека неговата српска колешка Ана Брнабиќ ќе биде меѓу поканетите да ја посети неговата земја на почетокот на идниот месец, заедно со претседателите на влади на другите земји од регионот.

БЕЛГИЈА - Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск ги повика гласачите од целиот континент да ги отфрлат антиевропските партии. Тој прецизира дека тие биле формирани од непријателски странски сили.

АВГАНИСТАН - Авганистанските власти соопштија дека најмалку 16 лица загинале во напад на милитанти на градежна компанија во источниот дел на земјата.

УЗБЕКИСТАН - Узбекистанското обвинителство соопшти дека Гулнара Каримова, ќерката на поранешниот претседател Ислам Каримов ќе оди во затвор бидејќи судот утврдил дека го прекршила домашниот притвор. Каримова се сметаше дека ќе го наследи нејзиниот татко, но во меѓувреме беше обвинета за корупција.

СИРИЈА - Неколку илјади луѓе биле евакуирани од последното упориште на џихадистите на истокот на Сирија. Евакуациите биле спроведени со надѕор на арапско курдската коалиција која се бори против Исламската држава во тој дел на земјата. Околу 3 ипол илјади луѓе биле евакуирани од селото Багуз, додека 500 џихадисти се предале. Во септември лани беше покрената офанзива против ова последно упориште на ИД во Сирија.

БЕЛГИЈА - Европскиот комесар за проширување Јоханес Хан изјави дека ЕУ го потценила влијанието на Кина на Балканот. Можеби ја преценивме Русија и ја потценивме Кина, а на двете треба да им дадеме соодветно место, изјавил Хан во интервју за Фајненшал тајмс.

ШВАЈЦАРИЈА - Европската организација за нуклеарни истражувања ЦЕРН соопшти дека покренува нов експеримент во потрага по честички поврзани со темната материја, како што се црните фотони. ЦЕРН кој во подземните простории на швајцарско француската граница го има најголемиот акцелератор на честички во светот наведе дека новиот експеримент ќе се однесува на честики кои меѓусебно имаат салба реакција и кои поради тоа што не емитуваат светлина тешко се откриваат.