„На вас само тротинет и велосипед...“ - вие коментирате

Macedonia - Assembly of the Republic of Macedonia for constitutional changes.

Многу коментари на нашата ФБ страница предизвикало тврдењето на претседателот на Собранието, Талат Џафери, во неделното интервју за РСЕ дека „нема злоупотреба со патните трошоци на пратениците“.

Читајќи ги коментарите за интервјуто со Претседателот на Собранието Талат Џафери впечатокот е дека граѓаните очигледно слабо веруваат во овие негови зборови и дури даваат свои предлози за превозот на народните избраници. „На вас само тротинет и велосипед... кога може данскиот премиер можете и вие“ – напишал Инвикта Инвикта. „Автобус и воз!“ – е предлогот на Димитар Каев. Исмаил Реџепи ептен револтирано: „Мора да ги брани, јас одам на мој трошок на работа, а ќе дојде време и вие ќе морате, ајдуци ненаситни и растурачи на лаги“.

Видео: Џафери - Нема злоупотреба со патните трошоци на пратениците

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Двотретинското мнозинство за Законот за обвинителство останува неизвесно

Гоце Буџакоски со малку подолг пост: „Како нема злоупотреба? Зошто не ви плаќаат цена на една автобуска карта од Охрид до Скопје и обратно, а да одите со ваш автомобил. Еве, јас патувам Охрид – Дебар со свое возило и добивам 230 ден. во еден правец и уште толку назад, значит 150 км. ги возам за 460 ден. Зошто и Мира Дизел не е платена исто како мене? Нели ’едно општество за сите‘“.

Посетителите на нашата ФБ страница не му веруваат ниту на судството. По информацијата дека Боки 13 ќе оди на распит во Обвинителството овој понеделник, а Јанева во вторник, Благица Ивановска напишала: „И во среда дома“, а Столе Соколовски вели: „Ќе ги ослободат, ќе им дадат 3 години домашен притвор“. Бојан Атанасовски со подбив: „Ако отиде на распит ќе ги рекетира, му се плашат. Боки е невин“. За тоа дека истрагата за „Рекет“ сè повеќе се врти кон Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски, и дека се проширува листата на повикани за исказ за овој случај, Гоце Симовски дециден: „Доста замарате народо со вашите глупости, оправете ја државата, еееј, на што личи?“ Зоран Сотиров со свое објаснување: „И вака ќе викаат за давање исказ и собирање докази едно 3-4 години, и притоа ќе ги пуштат после еден месец во домашен притвор и нема завршница судска. Јака финта за фарбање на јавноста...“

Видео:Туркменистански министер со лисици и во солзи

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Туркменистански министер со лисици и во солзи

Видео сторијата на РСЕ дека претседателот на Туркменистан ги натерал поранешниот министер за трговија и уште неколкумина други пред ТВ камери да признаат дека биле корумпирани, и тоа да го гледа цела нација, очигледно ги одушеви нашите посетители на ФБ страницата. „И нашиве политичари сите признаа дека се корумпирани, затоа кај Орбан избега Грујо, хахааа“. „Кај нас ќе треба да се распише тендер за набавка на лисици“ – коментирал Дејан Ѓорѓиевски. Иле Трипчев прашува и сам одговара: „Има ли некој храброст ова да го спроведе во Македонија? Јас мислам нема таков“.

Нусрет Салиу исто така со пофалби: „Халал ти качамак, барем ти признаваш, нашите гајле си немаат“.