Тимот за „лов“ на корумпирани функционери од Вашингтон дојде и си замина, а домашните функционери почнаа меѓусебно да се покажуваат со прст кој е крив. Сите заедно, пак, го вперуваат прстот кон граѓаните, обидувајќи се да ги изедначат случаите на висока корупција со милионски провизии и 200 грама кафе за шалтерски службеници.
Па дојдоа да се борат против корупција и си заминаа за 3 дена. Уствари само два дена им требало да разберат, третиот пакуење, ручек, сувенири, поклони..
— Ivo Antov (@AntovSr) December 14, 2022
Сигурно нашиве ги имаат пидмитено 🤣 pic.twitter.com/8iFN2GM7Ke
— БиДи (@MacedonianRevol) December 13, 2022
Тимот од Вашингтон што дошол да истражува корупција во државава си заминал...кога виделе колку ќе има за работа.
— Trimceski (@Trim4e_1) December 14, 2022
Министрите се растрчаа по медиуми да кажат колку ја поддржуваат борбата против корупцијата и оти американската помош им е добредојдена.
Очекувам лидерите на СДСМ и Вмро-Дпмне преко својте протежина да дадат поддршка до САД и дека САД никогаш нема да најдат вакви лидери шо се за нив во анти-корупцијава
— Dame Ckatroski (@DCkatroski) December 12, 2022
Ако ја поддржувале, зошто и досега не се бореле, прашуваат граѓаните на социјалните мрежи.
Борбата против корупцијата ја поддржа и ДУИ, која е на власт 18 години.
Стани Бујар да те види Ангела. pic.twitter.com/1VpRp63xGj
— ☀ М (@arozgj) December 8, 2022
Поранешната потпретседателка на Европскиот парламент Ева Каили пред неколку дена беше уапсена поради корупција во Брисел. Таа се сомничи дека зела мито за да лобира во корист на Катар, а во нејзиниот дом биле пронајдени 600 илјади евра во кеш. Дел од граѓаните коментираат дека такви европски вредности има и во Македонија.
Бирократ од ЕУ кој со години ни солел памет дека кај нив нема корупција 👇 pic.twitter.com/SOCQaubVqd
— Протагонист МКД (@Protagonist_MKD) December 14, 2022
Ако сакаме во ЕУ ќе мора да ја подобриме борбата за корупција! pic.twitter.com/h6EgPpktqS
— Фелдмаршал Игорче Развигорче (@Igor_rujo) December 14, 2022
Други, пак, велат дека има една битна разлика – таа е уапсена.
Па гледајте бе слепци како Европскиот парламент реагира на прв знак на корупција!
— Zlatko Teodosievski (@ZTeodosievski) December 13, 2022
Американската амбасадорка Анџела Агелер пред десетина дена соопшти дека дошол тим за санкции од Вашингтон „за поагресивен поглед на минатите и сегашните корумпирани чинители“. Тимот не може ниту да апси, ни да обвинува. Нивна работа е да лоцираат корумпирани чинители, кои би можеле да се најдат на американската листа на санкции. Апсењата се работа на домашни институции. Проблемот со корупцијата почнаа да го посочуваат и други странски дипломати.
“Американските истражители за корупција ја напуштиле Македонија” повторно сме сами и будали, без надзор од возрасен.
— Фломастери 🧀 (@Jane_Sk) December 13, 2022
абе личи како да се договорени амбасадориве сите за корупција да твитаат пред божиќ.
— elverdaderopesimista (@therealpsmst) December 9, 2022
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изрази загриженост за корупцијата во државата и рече дека полицијата ќе се стави на располагање на Американците. Спасовски, кој веќе 5,5 години е на чело на МВР повика „да се створи систем којшто ефикасно и брзо ќе одговори“. Веројатно таков систем треба да создаде Здружението на лозари, а не владата, иронизираат граѓаните на социјалните мрежи.
За Оливер Спасовски, се што се случува во државава е од хибридна природа.
— НЕДОПИРЛИВА (@Nedopirliva1) December 7, 2022
Вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска минатата недела изјави дека тоа што го кажала американската амбасадорка, го зборува и владата и изрази сериозна загриженост на тема борба против корупција и организиран криминал.
„Вака веќе не може“, вели вицепремиерката Грковска задолжена за борба против корупцијата.А епа готово тогаш ако не.
— Cene (@Ce_ne) December 14, 2022
Таа го впери прстот во обвинителот Љубомир Јовески, кој не го постигнал тоа што требало да го постигне. Јовески, пак, одговори дека треба да се укине кабинетот на Грковска, а тие пари да се искористат за поефикасна борба против корупцијата, наместо на организирање конференции и трибини.
Дел од граѓаните, пак, посочуваат дека работите се далеку од идеални, но се мрднати од мртва точка. Двајца поранешни генерални секретари на владата, токму од оваа гарнитура, се на суд за корупција. Беше обвинета поранешна потпретседателка на парламентот, а Специјалната јавна обвинителка, поранешна министерка за внатрешни работи и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање се веќе во затвор.