Во Дубаи има 55 имоти на 45 македонски државјани во вредност од 14 милиони евра, покажуваат последните документи кои протекоа од архивите на Обединетите Арапски Емирати.
Податоците, кои датираат од 2020 година, ги доби американскиот Центар за напредни одбранбени студии, непрофитна организација која го истражува меѓународниот криминал и конфликти и кои го сподели норвешкиот финансиски центар „Е24“, кој ја координираше истрагата за недвижниот имот.
Сепак, не се соопштени имиња за Македонците кои поседуваат имот во оваа богата арапска земја, ниту, пак, за каков имот се работи – вили, станови, деловни објекти, хотели или хотелски соби и апартмани.
Колку посиромашна земјата толку повеќе имоти во Дубаи Уриме pic.twitter.com/rG8ikqgwNt
— Moon Pearl (@roze_______) May 4, 2022
Сиромаштија. 55 луѓе едвај 14 милиони. https://t.co/1FXJltMHIT
— 🛫ПАТНИК🛬 (@patnik2022) May 4, 2022
На листата има вкупно 273.871 сопственици од целиот свет на 883.268 имоти. Многу од лицата, пишува Е24, се жители или легитимни инвеститори, но истражувачките новинари меѓу сопствениците идентификувале и многу лица кои се обвинети или осудени за криминал, како и такви кои се под меѓународни санкции. Други, пак, се јавни функционери кои не го пријавиле својот имот.
Меѓу сопственици има повеќе од 100 припадници на руската политичка елита, како и десетици Европејци вмешани во перење пари и корупција и неколку европски функционери и пратеници кои беа обвинети за лошо управување со јавните фондови.
На социјалните мрежи веќе почнаа нагаѓања кои се македонските сопственици на имоти. Најголем дел од граѓаните типуваат на корумпирани политичари.
Според меѓународно истражување предводено од норвешки новинари околу ⚠️ 45 македонци си имаат купено имоти и имаат отворено фирми во Дубаи преку кои перат милиони евра..👉 ЈО, МВР и финансиската полиција во клиничка смрт❗ pic.twitter.com/ZcUZhWMZDX
— Раскажувачот (@toilet_paper10) May 4, 2022
Не се важни имотите, важен е бројот.Чии се тие 55 имоти?🤔🤔🤔🙄 🤫е здравје.Македонски државјани поседуваат вкупно 55 имоти во Дубаи, вредни 14 милиони https://t.co/rqtrYta1jh
— kvakvatop (@kvakvatop) May 4, 2022
Други, пак, ја спуштаат топката и велат дека сигурно во земјава има 45 луѓе со чесно заработени пари, како и дека има бизнисмени кои соработуваат со Блискиот Исток. Коментирајќи ја сумата, велат дека не се работи за луксузни имоти. Веројатно во најголем дел се работи за обични станови.
Дај прекинете со постов. Лично јас знам млад човек, програмер, бизнис што си тера во Дубаи. Си има имот таму, и тука. Тука има огромен стан, за Дубаи незнам точно,знам дека има куќа таму. Верувам дека не е само он. Ај извадете во Канада колку имаме имот богда чува
— Чев (@ChevMKD) May 4, 2022
Нема врска со политика. Не си упатен само. Најверојатно незнаеш ни бизнис како се отвара, камо ли Дубаи. Многу заработуваме без политика, има дел во Дубаи што се. Ама кој да ти каже. Може има и некој политичар,ама не се сите
— Чев (@ChevMKD) May 4, 2022
55 имоти за 14.000.000евра тоа ти е еден имот за 254 545 евра еден имот! Значи вие што сте купиле стан во Скопје, сте можеле да купите и во Дубаи 😄 https://t.co/1MUfAdTn4d
— Бокан☆ 🇲🇰 (@BoKan1429) May 4, 2022
Од регионот, најмногу, односно вкупно 517 Грција имаат над 1000 имоти вредни 327 милиони долари. Потоа, 237 Срби имаат 287 имоти вредни 74 милиони долари, а 247 Бугари имаат 384 имоти со вкупна вредност од 66 милиони долари. Вкупно 125 имоти со вредност од 43 милиони долари поседуваат 94 хрватски државјани. Исто така 68 граѓани од Босна и Херцеговина поседуваат 105 имоти со вредност од 27 милиони, а 11 Црногорци поседуваат 16 имоти во Дубаи со вредност од 7 милиони долари. Вкупно 56 имоти поседуваат 46 државјани на Словенија, а вкупната вредност им е 26 милиони долари, 17 државјани на Албанија поседуваат вкупно 19 имоти вредни 7 милиони евра, а „помалку од пет“ жители на Косово имаат помалку од 5 имоти вредни еден милион долари.