Бугарија доби нова влада, но Македонија повторно не доби датум за преговори за членство во ЕУ. Во заклучоците на Советот за општи работи на ЕУ се наведува дека првите меѓувладини конференции со Македонија и Албанија треба да се одржат „што е можно поскоро“.
Датум за еу pic.twitter.com/NNOEABuRdj
— zlatko (@zlatkothegoldy) July 30, 2021
Бугарија го блокира почетокот на преговори, тврдејќи дека Македонија ја краде бугарската историја. Новата бугарска влада, предводена од Кирил Петков, сега дава шест месеци за решавање на проблемот, формирање работни групи за нови теми и план од девет точки за надминувањето на отворените прашања меѓу Софија и Скопје.
Држи датумот поземи го. pic.twitter.com/ZTuKPKPr1z
— GoodfellasodFYROM (@GoodfellasFyrom) December 15, 2021
Македонија ќе ги почне преговорите за членство. Ако не оваа среда, другиот петок, иронизираат граѓаните на социјалните мрежи.
👉Сиже од сагата “ДАТУМОТ И БУЈАР“👈📌Ако не е декември, 📌може во јануари, 📌може февруари, 📌тешко е март, 📌или најдоцна јуни, 📌ама и јули, 📌а ако до тогаш нема решение може да се префрли во септември...... а кај е септември, ете го и декември 2022-ра🤦♂👇🤦♂👇🤦♂ pic.twitter.com/ZN1IvbHCCk
— MITE NAJDOFF (@Kalabalak_) December 15, 2021
Ни дадоа датум. Треба само да го земеме. pic.twitter.com/L3yaTPRzST
— Водоотпорна вода (@H2Otporen) May 24, 2021
Македонија ќе добие датум за преговориЕУ: pic.twitter.com/nkBWhvQ6LC
— Ͳんє ꪜเɳƈเ (@Grdo_pajce) June 22, 2021
Други, пак, велат дека се чини оти Македонците во Европската унија ќе се интегрираат сам по сам.
Пред три и пол години, премиерот Зоран Заев, тогашниот вицепремиер Кочо Анѓушев, министерот за надворешни работи и вицепремиерот за евроинтеграции, Никола Димитров и Бујар Османи, кои во меѓувреме си ги сменија функциите, се пофалија дека добиле датум за преговори. Тоа беше на крај на бугарското претседателство со ЕУ. Од тогаш, се сменија австриското, романското, финското, хрватското, германското и португалското, а до Нова година и словенечкото претседателство. Од 1 јануари Франција станува претседавач со ЕУ.
По излегувањето на Беса од владата минатиот месец, имаше обид за изгласување недоверба на владата, но пратеникот Кастриот Реџепи од Беса се пишмани и му се придружи на владиното мнозинство, за да им даде шанса на евроинтеграциите. Потоа, и опозициската Алтернатива влезе во владата, исто така за да овозможи добивање датум за преговори.
Циниците би рекле дека Македонија ќе го добие датумот за време на грузиското претседателство. Ама Грузија не е членка на ЕУ. Е па, не е.
Вести од 2058-ма година: Добифме датум за ЕУ! pic.twitter.com/yQe9UB5Zm9
— Stephen (@d_dedalus) July 17, 2019
Еден ден кога Европската Унија ќе се распадне во неа ќе остане само Македонија која нема да ги исполнува условите за излегување...(via fb: SS)
— ☀ М (@arozgj) December 15, 2021
И покрај тоа што македонските власти постојано го подгреваат оптимизмот дека е можен почеток на преговорите со ЕУ и надминување на проблемот со Бугарија, од Софија постојано повторуваат дека нивната позиција е непроменета.