Локалните избори во Мостар за премостување на поделбите

Ова е Мостар, град во јужна Босна познат по својот камен мост преку реката Неретва.  
 

Зграда која е оштетена во војната во центарот на Мостар.

Мостар беше опустошен од конфликтите во текот на раните 90-ти, кулминирајќи во војната 1993-1994, во која босанските Хрвати војуваа главно со Бошњаците за контрола врз градот.

Поглед на Мостар во која доминира крст висок 33 метри.

Од крајот на конфликтот во 1994 година, Мостар е поделен со Хрватите кои претежно живеат на западната страна на реката Неретва (лева страна на фотографијата) и Бошњаците на исток.
 
 

Политички плакат за претстојните избори во центарот на дот Мостар.

Мостар треба да одржи општински избори на 20 декември по повеќе од 12 години политички ќор-сокак што го остави градот без функционален локален совет.
 

Постар пар застанува да разговара во центарот на Мостар.

Распадот на демократијата - главно се должи на сложениот босански поствоен систем на управување, пресудата на Уставниот суд на Босна и политичкиот ќор-сокак меѓу босанско- хрватските и бошњачките партии - го остави градоначалникот на Мостар да се држи на функцијата како „привремен градоначалник“ долго откако неговиот  мандат истече во 2012 година.

Жена во босанските предградија на Мостар пече валани бурек, традиционално пециво.

Ирман, работник во центарот на Мостар, за РСЕ изјави дека е „возбуден“ што може да гласа на локалните избори за прв пат во повеќе од една деценија. Тој вели дека најгорливото прашање по подобрувањето на економијата е борба против национализмот: „Не можеме да работиме од другата страна на градот. Можеби ќе добиете едноставна работа како келнер, но за подобра работа многу од поголемите компании сакаат да знаат дали сте муслиман или хрват“.

Еден од неколкуте мурали на бошњачката страна на Мостар до „Црвената армија“ - тврдокорни поддржувачи на фудбалскиот претежно бошњачки тим Вележ од Мостар.
 

Камен на влезот во иконскиот стар мост на Мостар се однесува на годината кога османлиската градба од 16 век била уништена. Мостот бил обновен во 2000-тите.
 

Емина Володер, кандидатка на претстојните избори, вели дека одлучила да влезе во политиката за прв пат поради реалните последици на кои беше сведок од политичката стагнација на Мостар.

„Заминав да студирам во Сараево шест години и кога се вратив ништо не се смени. Сè уште има истите згради уништени од војната. Минатата година ѓубрето не се собираше и само се натрупуваше на улица “. Забарка по занает, таа вели: „Само неколку луѓе [во локалната самоуправа] ги трошат парите што им припаѓаат на сите“.

Две постари жени одат до зграда оштетена од војната за време на раните 90-ти.
 

Мостар пред избори

Затворени тезги до стариот мост на Мостар во раните попладневни часови. На графитите спишуваи: „Од сите мои особини, јас најмногу ја презирам рамнодушноста“.

Новата влада на Босна и Херцеговина ќе има задача да ја поправи огромната штета во некогашната возбудлива туристичка трговија во Мостар, како резултат на пандемијата.
 

Празна туристичка област веднаш до познатиот мост на Мостар.

Ениса Башиќ, која управ кафуле покрај мостот, за РСЕ изјави дека нејзиниот бизнис вработил 10 луѓе во минатата година. Таа вели дека недостатокот на туризам поради пандемијата ја принудил да ги отпушти сите. Таа е претпазлив оптимист дека победниците на претстојните избори ќе им помогнат на бизнисите како нејзините да преживеат: „Ова е многу добар град, но луѓето што го управуваат само ги ставаат парите во своите џебови. Тие не се грижат за обичните луѓе како мене. По изборите, се надеваме дека работите ќе се променат на подобро“.