Кумановскиот кризен штаб денеска побара од надлежните да се прогласи кризна состојба на целата територија на Општина Куманово за да се спречи ширење на заразата и зголемување на бројот на заболени лица.
„Денеска во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со превземање на активности и мерки од ширење на болеста ЦОВИД-19 (корона вирус). Бараме од Владата да прогласи кризна состојба во Општина Кумановои да воведе посебен контролен режим на сите влезови и излези во градот со контролни пунктови, со цел да се примени Акцискиот план на Центарот за управување со кризи и спречување на несакано ширење на епидемија вон и кон градот“, соопштија локалните власти.
- Филипче: Уште една жртва, 25 новозаразени и нови 5 излекувани
- Интерактивна мапа со заболени од КОВИД 19
Куманово е втор по бројката на заразени лица во Македонија. Во моментов таму се потврдени 54 случаи и едно пичинато лице.