Дедо Мраз на прозорец со подароци за деца болни од Ковид 19

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Еден перуански Дедо Мраз доби мала помош од противпожарната бригада. Тој употреби противпожарно возило за безбедно да ги достави подароците до децата болни Ковид 19 кои се во изолација во едно село кое беше изградено за Панамериканските игри во Лима. Преку прозорците стигна до повеќе од 120 деца во селото кое сега е центар за лекување и изолирање на семејства во кои има заболени од вирусот.