Историја и ураниум

МАКЕДОНИЈА - Министерот за надворешни работи Никола Димитров изјави дека земјава со Бугарија дели големи заеднички цели и оти ќе најдат решение за прашањата, како тоа Гоце Делчев за таквите цели да не бидат загрозени.

МАКЕДОНИЈА - Премиерот Зоран Заев најави дека до Собранието ќе достави предлог за повлекување од негово назначување на функцијата министер за финансии. Претходно Антикорупциската комисија соопшти дека функциите премиер и министер не се споиви.

РУСИЈА - Горниот дом на рускиот Парламент гласаше за поддршка на декретот на претседателот Владимир Путин за суспендирање на учеството на земјата во Договорот за нуклеарните сили на среден дострел (ИНФ) од 1987 година. Пред осум дена декретот го поддржа и долниот дом на Парламентот.

ИРАН - Иранските власти соопштија дека ќе го забрзаат збогатувањето ураниум со што земјата продолжува да се оддалечува од одредбите во нуклеарниот договор по тензиите со САД. Врховниот ирански водач ајатолахот Хамнеи изјави дека Иран нема да им се предаде на американските санкции.

БЕЛГИЈА - Министрите за одбрана на НАТО го почнаа дводневниот состанок во Брисел на кој ќе разговораат за трошоците за одбрана во Алијансата, нејзината мисија во Авганистан и односите со Русија во светлина на спогодбата за контрола на нуклераното оружје меѓу двете страни.

ТУРЦИЈА - Турскиот Парламент ратификуваше нов Закон за воена служба, со кој се намалува периодот на воениот рок за половина, од 12 на 6 месеци, јави новинската агенција Анадолија.

КИРГИСТАН - Поранешниот претседател на Киргистан, Алмазбек Атамбаев ги отфрли сите обвиненија против него додека Парламентот се подготвува да гласа за одземање на неговиот имунитет.