Логото по повод 30 години од независноста на Македонија, кое владата го претстави вчера, предизвика жестоки реакции во јавноста. Најголемите забелешки има за тоа дека е промашено македонското знаме, кое според владиниот дизајн има 10 краци. Други забележуваат дека оваа година не се прославува 30 години Северна Македонија, и оти придавката беше додадена пред две години. Во владата, пак, се бранат дека не се работи за знамето, туку дизајнерското решение е сонце.
#МК30 логото за јубилејот „30 години независност“ е составено од повеќе елементи, меѓу кои и сонцето. Логото не го содржи државното знаме. Сонцето кое е употребено во логото е различно од сонцето од државното знаме. Користењето на државното знаме е јасно уредено со Закон! https://t.co/U7tYRTUH83
— Портпарол на @VladaMK (@portparolVRSM) July 14, 2021
Го пречекавме австрискиот премиер со летонско знаме, Шекеринска се фалеше со знамето на Аризона како македонско, го пречекавме црногорскиот претседател со наопаку свртено знаме, но досега барем нашето не го грешевме, иронично забележуваат граѓаните на социјалните мрежи.
-шефе, со колку краци беше знамето?-абе стај таму поише, нека има pic.twitter.com/jvPedd3SOs
— ema (@glinenaa) July 14, 2021
Други забележуваат дека логото е полошо од бордо дресовите кои требаше да ги носи македонската фудбалска репрезентација на Европското, но по реакциите во јавноста ги повлекоа.
Трети, пак, иронично забележуваат како би изгледало знамето во очите на владините дизајнери.
Знамето на Македонија. Нека е за многу години. #МК30 pic.twitter.com/0K2Vcx4dHp
— Џорџ Вашингтон (@GeorgeFromMkd) July 14, 2021
Некои прашуваат кој го правел дизајнот и бараат тој да ги врати парите. Во владата велат дека логото е дело на тимот графички дизајнери во при Секторот за односи со јавноста во Владата.
Ве молам да ни кажете кој го правеше логото зошто знамето на Македонија е погрешно ? @vladamk @portparolVRSM pic.twitter.com/BhnxZalEjm
— 🅰️псаана (@aps_aana) July 14, 2021
Советникот за медиумски реформи во кабинетот на премиерот Зоран Заев, Зоран Бојаровски на Фејсбук објаснува дека логото не го содржи државното знаме, туку сонцето различно од државното знаме. Тој потсетува на логоата од минатите години.
Некои го бранат дизајнерското решение и потсетуваат на логоа од други земји.
Други, пак, прашуваат која е поентата 30 години од независноста да се прославува со лого со боите на знамето на кое има сонце, ама тоа сонце да не е тоа од знамето.
Впрочем што би барало знамето на лого за одбележување независност🤡
— Слобода (@pako10o) July 14, 2021
Премиерот Зоран Заев во 2018 година го пречека неговиот австриски колега Себастијан Курц со знамето на Летонија. Поранешниот француски амбасадор Кристијан Тимоние во Охрид беше пречекан со холандско знаме, а претседателот Стево Пендаровски во 2019 година го пречека неговиот црногорски колега Мило Ѓукановиќ со наопаку поставено црногорско знаме.
Видете и ова: Шекеринска на бродот на чудатаНајмногу реакции предизвика објавата на министерката за одбрана Радмила Шекеринска од 2019 година, кога беше во посета на американскиот носач на авиони Хари Труман, дека во чест на Македонија, на американските авиони било аплицирано македонското знаме, а всушност авионите беа со знамето на американската сојузна држава Аризона.