Достапни линкови

Шекеринска на бродот на чудата


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска објави дека на авионите на американскиот носач на авиони Хари С. Труман било аплицирано македонското знаме
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска објави дека на авионите на американскиот носач на авиони Хари С. Труман било аплицирано македонското знаме

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска се пофали дека на авионите на американскиот носач на авиони било аплицирано македонското знаме. Социјалните мрежи вријат од коментари дека се работи за амблемот на Екскадронот за логистичка поддршка на флотата.

Посетата на премиерот Зоран Заев, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и претседателот на Собранието Талат Џафери на американскиот носач на авиони Хари С. Труман и побркувањето на знамињата на задната перка на авионите предизвикаа илјадници коментари на социјалните мрежи.

Министерката Шекеринска на Твитер објави дека на американските воени авиони било аплицирано и македонското знаме. На нејзината објава има стотици коментари, кои ѝ посочуваат на Шекеринска дека не се работи за македонското, туку за знамето на американската сојузна држава Аризона.

Други, пак објаснуваат дека се работи за амблемот на Ескадронот за логистичка поддршка на флотата ВРЦ-40.

Сепак, најбројни се духовитите коментари и мемиња на темата.

Ова не е прв пат владини претставници да ги згрешат знамињата. Австрискиот канцелар Себастијан Курц во септември 2018 година беше пречекан со летонското, наместо со австриското знаме.

Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние летоска во Охрид беше пречекан со холандското знаме.

Во октомври годинава претседателот Стево Пендаровски го пречека неговиот црногорски колега Мило Ѓукановиќ со наопаку поставено црногорско знаме.

Трендинг е седмична рубрика на Радио Слободна Европа на македонски јазик, во која автентично ви пренесуваме дел од највпечатливите коментари на социјалните мрежи за одредена тема. Пренесените коментари се мислења или ставови на авторите на коментарите и не се дел од уредувачката политика на РСЕ.

Повеќе
XS
SM
MD
LG