Забрана за играње меѓународни фудбалски натпревари во Иран

Илустрација

На иранските тимови им се забранува да играат меѓународни натпревари на иранска територија, соопшти денеска Фудбалската федерација на Иран. Одлуката била донесена од Азиската фудбалска конфедерација(АФЦ).

Иранските фудбалски власти не соопштија дали одлуката е поврзана со случајното соборување на украински патнички авион минатата недела, во кој загинаа сите 176 патници и членови на екипажот.

Иранската фудбалска федерација соопшти дека ќе се сретне со претставници на АФЦ за да се спротивстави на одлуката.

Иран има четири клуба во Азиската лига на шампиони.

Минатата година саудиските клубови не патуваа во Иран поради затегнатите односи меѓу двете земји. Натпреварите меѓу нив се играа во Обединетите Арапски Емирати.