Живот со чипови

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

На Александар Волчек, жител на Новосибирск, не му треба електронски клуч за да ги отвори вратите во болницата каде што работи. Тој едноставно ја подава раката кон читачот и тоа е доволно, бидејќи во неговото тело има вградено чип кој делува како електронски клуч. Работи како акушер-гинеколог во регионална болница, а поради чиповите станал познат ширум целата земја.