444 елки во 1 дом

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Празничната сезона во домот на семејството Џеромин во Ринтелн, во северо-западната германска покраина Долна Саксонија се одбележува на необичен начин. Томас и Сузана Џеромин имаат нешто повеќе работа од повеќето кога станува збор за празничното декорирање на домот. Тие се германските светски рекордери за најмногу новогодишни елки на едно место. За десетгодишниот јубилеј накитиле дури 444.