Ел Чека виа Миладиновци

МАКЕДОНИЈА - Шефицата на СЈО, Катица Јанева, изјави дека дала налог да се истражат т.н. бомби што беа објавени деновиве на Фејсбук профилот Ел Чека. Таа истакна и дека нема информации од каде се обезбедени разговорите.

МАКЕДОНИЈА - Новиот автопат Миладиновци- Штип е пуштен за сообраќај во двата правци. Инвестицијата во автопатската делница, долга 47 километри, изнесува над 200 милиони евра. Со новото автопатско решение времето за патување од Скопје до Штип се намалува за половина час.

САД - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е подготвен да разговара со иранските власти, но и дека има и можност за воена акција против Иран.

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - Светските лидери и ветерани од Втората светска војна ја одбележаа 75-годишнината од Денот Д, инвазијата на сојузничките сили во Нормандија, против нацистичките сили. Свеченоста се одржа во Портсмут, Англија.

РУСИЈА - Кинескиот претседател Кси Џинпинг ја посети Москва каде се сретна со неговиот руски колега Владимир Путин. Кремљ соопшти дека посета е во знак на новата ера на пријателството и економските односи меѓу двете земји.

ГРЦИЈА - Грчкиот премиер Алексис Ципрас потврди дека предвремените парламентарни избори ќе бидат одржани на 7 јули по поразот на неговата левичарска партија Сириза на локалните и на изборите за Европскиот парлмент.

УКРАИНА - Украинските власти соопштија дека четворица војници загинале, а четворица биле повредени во судирите со проруските бунтовници во источниот дел на земјата.

САД - Основното право за информирање преку независните медиуми е под напади, заклучува Фридом хаус во најновиот извештај во кој се додава дека српскиот претседател Александар Вучиќ и неговиот унгарски колега Виктор Орбан се против слободата на медиумите.