Експлозија на гасовод во Бангладеш, најмалку седум загинати

Најмалку седум луѓе загинале, а 25 се повредени во експлозија на гасовод во југоисточен Бангладеш, информира полицијата. Од експлозијата во округот Читагонг била урната зграда, а еден ѕид од зградата се урнал врз минувачи.

Истрагата за експлозијата е во тек.