ДС: Да се свика Собранието да расправа за пандемијата

Собрание на Република Северна Македонија

Демократскиот сојуз предлага претседателот на државата, Владата и најмалку 20 пратеници, да побараат да се свика итна седница на Собранието, на која ќе се расправа за вонредната состојба причините и ефектите од нејзиното воведување, потребата од продолжување, како и за мерките кои се преземаат за спречување на коронавирусот Ковид-19, поставеноста и дејствувањето на здравствениот систем, функционирањето на безбедносниот систем и економските аспекти на кризата.

Демократскиот сојуз верува дека парламентот треба да отвори и сериозна расправа за издржаноста и оправданоста на мерките, подготовките за олабавување на истите, дали постои план за постепено активирање на бизнисот, враќање на животот во нормала, како и заштитата на човековите права.