Дрвјата на Матка „украсени“ со отпадоци

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

На еден ден по празнувањето на Први мај, на брегот по течението на Река Треска има пластични ќеси обесени на дрвјата, оставени се пластични чинии, чаши, шишиња, влажни марамчиња па дури и пелени.
Оставеното ѓубре и негрижата за природата е карактеристична за навиките на жителите и властите. Години наназад состојбата е иста, особено по првомајските излети. Матка не е едениственото место со купишта од секаков вид на отпад. Ѓубришта во земјава се фрлени во стотици диви депонии, во кои има пластика, метал, градежен шут па дури и медицински отпад.

Стратегијата на државата за решавање на проблемот со отпадот е изгрдбата на осум регионални депонии кои ќе исполнуваат еколошки стандарди. Но, проблем во моментов е што некои од овие проекти се блокирани од општините на чија територија треба да бидат изградени депониите.