Две нови жртви и 44 новозаразени со коронавирус во Македонија

Клиника за инфективни болести во Скопје

Министерството за здравство информираше дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби од Ковид-19 починале двајца мажи, едниот на возраст од 45 години од Куманово, другиот на возраст од 78 години од Дебар. Починатиот од Куманово имал дијабет, атријална фибрилација, хипертензија и обезност, додека починатиот од Дебар имал ХОБ (Хронично обструктивен бронхит) и хипертензија и примал терапија за двете хронични заболувања.

Во изминатите 24 часа направени се 392 тестирања, а потврдени 44 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Куманово- 23, Скопје-11, Тетово-4, Битола-3, Струга-2 и Прилеп-1. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12 часот изнесува 329 лице.

Според местото на живеење, досега случаи со коронавирус се регистрирани во:

• Скопје - 175
• Дебар - 47
• Куманово - 47
• Штип - 14
• Тетово - 10
• Прилеп - 10
• Струга - 7
• Велес - 6
• Битола - 4
• Охрид - 3
• Кавадарци - 2
• Гостивар - 1
• Крива Паланка - 1
• Струмица - 1
• Гевгелија - 1

Од 392 направени тестови во изминатото дено-ноќие: 262 се направени преку ИЈЗ, 26 преку Ветеринарен факултет, 24 преку лабораторијата Биотек и 80 преку Болницата „Филип Втори“ (Жан Митрев). До сега се направени вкупно 3.518 тестови на КОВИД-19, соопшти МЗ.