Не можам да ви ветам датум за почеток на преговори, но можам да ви ветам волја, порача шефот на европската дипломатија Жозеп Борел на заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски во Скопје пред неколку дена.
Волја is the new датум... ✨
— Ферхунде (@korenBezDrvo) March 14, 2022
Не можам да ветам датум, но можам да ветам волја.Вака да ѝ кажеш на некоја што е у врска со тебе повеќе од 10 години, око ќе ти исчупа и следен пат кога ќе ја видиш ќе биде мажена и со две деца.
— Tурçе bre (@karafilio) March 14, 2022
Гладна кокошка волја сонува❗
— AnaStevano (@StevanoAna) March 15, 2022
Конечно ВОЛЈА од ЕУ. Да не беше трагично ќе беше смешно 🙊🙉🙈
— Maliot Buda (@MaliotBuda) March 14, 2022
Таа негова изјава предизвика низа реакции на социјалните мрежи – од потсмев и резигнираност до лутина и констатација дека го сменивме името за волја. Други, пак, бараат прагматизам и обид за решавање на проблемите со Бугарија која ги блокира македонските евроинтеграции.
ДОБРО УТРО НА СИТЕ ОСВЕН НА ОНИЕ КОИ СМЕНИЈА ИМЕ ЗА ВОЛЈА!
— D_Dentist (@Zubar_ot) March 15, 2022
Имам волја да возам Ферари, ама возам 20 години стар Голф, се шегуваат дел од граѓаните.
ЕВН од мене ќе добијат само волја за плаќање. Глеам и така можело.
— Петар (@PetarZz) March 15, 2022
Сакав само да искажам ВОЛЈА да ви подарам на сите по 1000 евра.
— dipling (@dipling5) March 15, 2022
Викендов ќе распалам скара, ќе свртам по една "добра волја".
— Капетански Дневник🏴☠️ (@BlackTaurus7) March 14, 2022
Прво добивме датум, потоа добивме волја, накрај ќе добиеме прегратка. И толку.
— Алан По (@d_dedalus) March 15, 2022
Не вежбам ама важно имам волја за вежбање
— Beba (@mufljus) March 14, 2022
Македонија е кандидат за членство во ЕУ веќе 17 години, но не ги започнуваше преговорите поради блокадата од Грција поради спорот за името. Откако земјава го смени името, власта најавуваше дека само што не почнале преговорите за приклучување, но сега Бугарија ги блокира македонските евроинтеграции со тврдење дека Македонија ја краде бугарската историја и дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот.
Собери 15 датуми за ЕУ и освој волја 😂
— Чакаларов (@chakalarovv) March 14, 2022
Мислам дека дури и на Грциве им е незгодно од "вољава" што Европа ни ја ветува...
— Професор Др. Цветковиќ (@tome_corner) March 15, 2022
Добивме датум за ВОЛЈА! pic.twitter.com/1n86OnVwYI
— Toto (@realTotoMK) March 16, 2022
Од толку датуми за ЕУ, стигнавме до волја. За кратко и волјата ќе ја снема.Срамно враќање назад🤮
— Zgodnata (@Zgodnata2) March 15, 2022
„Не можам да ви ветам датум за преговори, но можам да ви ветам волја“, изјавил потпретседателот на Европската комисија Жозеп Борел по средбата со Ковачевски.Какво возење 17 години еј!
— Frank Drebin (@ggooccee) March 15, 2022
Пред четири години, тогашниот премиер Зоран Заев, вицепремиер Кочо Анѓушев, министерот за надворешни работи и вицепремиерот за евроинтеграции, Никола Димитров и Бујар Османи, кој во меѓувреме стана шеф на дипломатијата, се пофалија дека добиле датум за преговори. Тоа беше на крај на бугарското претседателство со ЕУ.
Историски напредок на интеграцијата во ЕУ? Од “имаме датум” и дигнати палци 👍👍👍 до “имаат волја” и среден прст 🤞🤞🤞 pic.twitter.com/N9XyUhBdGK
— Nikola Tasev (@NikolaTas) March 16, 2022
Од тогаш, се сменија австриското, романското, финското, хрватското, германското, португалското и словенечкото претседателство, а од 1 јануари Франција стана претседавач со ЕУ.
Борел сега вели дека не сака да лицитира со датумот и дека го разбира разочарувањето на македонските граѓани од блокадата на евроинтеграците.
„Постои проблем и знаете кој е тој“, рече Борел.
Веќе ни датум немаме Ни датум за датум Ни датум за датум за датум ама вољаааааа pic.twitter.com/X18VIN9rRz
— Moon Pearl (@roze_______) March 14, 2022
Македонија и Бугарија во 2017 година потпишаа договор за добрососедство и формираа заедничка комисија за историски и образовни прашања која требаше да излезе со заеднички препораки за спорните историски теми, но засега има само мал напредок во работата.
Бугарија го блокираше почетокот на преговори на Македонија со ЕУ со тврдење дека земјава ја краде бугарската историја. Преговорите меѓу двете земји беа закочени зашто Бугарија долго време немаше влада, но по формирањето на владата на Кирил Петков контактите меѓу двете страни се засилија.
На почетокот на годинава, Петков прво го посети Скопје, а потоа се одржа и заедничка седница на двете влади во Софија. Македонскиот премиер Димитар Ковачевски и Петков промовираа нов пристап фокусиран пред сè на економски, наместо на историски теми. Беа формирани работни групи од различни области кои треба да ја продлабочат соработката меѓу двете земји. Сепак, засега нема индиции за повлекување на бугарската блокада за македонските евроинтеграции.