Тројцата членови на управниот одбор на македонската контрола на летање М-НАВ и директори во агенцијата: Фахрудин Хамиди, Миѓан Селмани и Влатко Крстевски, сакаат да го поништат огласот за контролори на летање, зашто од 270 пријавени, положиле само 8 кандидати, меѓу кои не се нивните, а ни пријавените деца на функционери од ДУИ, објави порталот СДК.МК.
На 20 ноември истекуваат 90 дена од објавувањето на огласот, а избраните кандидати требаше да ја почнат одлуката уште пред седум дена.
Граѓаните на социјалните мрежи коментираат дека контролори на летање со врски може да туркаат само луѓе кои не патуваат со авион.
Да туркаш полуписмени (партиски определени) деца во контрола на летање, значи треба да си или опасно глуп или да не леташ од Скопје аеродром. Тоа првото повеќе прави смисла. Рекламава изгледа е правена за корумпирани абдали од една политичка партија во МК. https://t.co/L7PP3JMH7q
— FilipNelkovski (@Scaramanga1806) November 9, 2022
Некој не сфаќа дека грешка во контрола на летање значи авионска несреќа со можни стотици жртви...
— Blagoja Chaloski (@BChaloski) November 9, 2022
-Зошто се плашиш од летање?-Јас ⬇️ pic.twitter.com/a6v112yyvg
— Д Директор (@TheJoke91877592) November 9, 2022
На други, пак, ова им е толку неверојатно што мислеле дека се работи за сатирична објава.
Читам и го чекам делот каде ќе пишува дека ова е пародична вест ама, за жал, нема таква информација.За жал, не за чудо.ЌЕ ГО ПОНИШТАТ ОГЛАСОТ ЗА КОНТРОЛОРИ НА ЛЕТАЊЕ, ЗАШТО АЛБАНЦИТЕ ШТО ПОЛОЖИЛЕ НЕ СЕ ОД ДУИ, А ПОМИНАЛЕ ДЕЦА ШТО „СЕ НИЧИИ“ https://t.co/IYBmID5OYE
— Darko Arsovski (@dArsovec) November 9, 2022
Според порталот, Селмани си ги пријавил двете деца на конкурсот, а Крстевски едно, а бил пријавен и синот на заменик министерот за внатрешни работи Назим Буши, но никој од нив не бил избран.
Каква приказна! И повторно успева да ме зачуди безобразлукот со кој си ја приватизираат земјата. Ова е ново дно. 🤬 https://t.co/eo10dp4P1N
— Shoku Boro (@borokitanoski) November 9, 2022
Едни се шокирани што директорите ги пријавиле своите деца, а други иронично прашуваат зарем да наместат туѓи за 2000 евра плата.
А"Меѓу тие што отпаднале уште во првиот круг се и три деца на два члена на УО: едно на Селмани и две на Крстевски, велат од Синдикатот на контролорите на летање."
— Adam Smith Jr. (@kardelj_jr) November 9, 2022
Тестирањата и селекцијата ги правел тренинг центар од Данска, а избраните кандидати требаше веќе да почнат да се школуваат за контролори за летање, но директорите сметаат дека „нешто е труло во државата Данска“ и го сопреле процесот.
Не се научени нашиве вработување без врски, па се сомневале во компетентноста на Данци 🇩🇰. Да повториме, Македонци се сомневале во компетентноста на Данци. СЕ СОМНЕВАЛЕ ВО КОМПЕТЕНТОНСТА НА ДАНЦИ! pic.twitter.com/oGABb7n91h
— Ајс Ти (@IceBucks7) November 9, 2022
Тестот е од Еуроконтрол, а бил спроведен од данскиот операторот на најпрофесионално ниво: со камери и надзор кандидатот да не препишува или да не го решава некој друг место него, со набљудувачи од Данска и од Македонија, велат во Синдикатот на М-НАВ.
Не е ова ‘Дурмо турс’ или пожарот во болницата во Тетово за да се забошоти преку судовите. https://t.co/LNkQX4eMea
— Goran Mihajlovski (@GMihajlovski) November 9, 2022
Нашите може да ги викаат Роналдо.
Во Србија примиле некој партиски во контрола на летање,го завикале Марадона,пошто кога давал инструкции на пилотите обавезно тројца искусни контролори го "чувале"...
— Распашенко (@Raspasenko) November 9, 2022
Македонска контрола на летањеhttps://t.co/QTXNqUw0eA
— Др Арсланагић (@ArslaJeMeniBog) November 9, 2022
Раководството на М-НАВ сега бара отчет од Данците за сите кандидати – зошто отпаднале и колку бодови освоиле. Синдикатот се сомнева дека раководството го пролонгира процесот за да пропадне огласот и после да ги вработат своите деца без тест.
Пак го читав ова за контролорите за летање и јако ми е што државава не престанува да наоѓа начини да ме изненади со пробивање на уште подлабоко дно pic.twitter.com/KSPp7DAjUU
— Dimitar P. (@Dmee82) November 9, 2022
Директорот на Управниот одбор на М-НАВ Фахрудин Хамиди за СДК изјавил дека бара „црно на бело“ дека токму овие осуммина избрани го положиле тестот.
„Тој избор, таа листа, не е поткрепен со аргументи и податоци од економскиот оператор – кој паднал, зошто паднал, со колку бодови не успеал да продолжи понатаму… Можеби некој што освоил бодови, не е меѓу тие 8 и може да тужи“, вели Хамиди.
Државната ревизија утврди дека просечните плати во М-НАВ уште во 2016 година биле над 1800 евра, а контролорите на летање уште во 2017 година добиваа над 2000 евра плата.
Државните функционери често вработуваат свои роднини во државни претпријатија каде што има високи плати, како што се М-НАВ, Агенцијата за електронски комуникации или енергетските претпријатија.