Синот на поранешниот висок функционер на ДУИ Муса Џафери, Аријанит Џафери, во центарот на Скопје пред бројни очевидци го тепаше директорот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски. Аматерската видео-снима на која се гледа дел од нападот брзо се прошири на социјалните мрежи.
МВР соопшти дека младиот Џафери „во целост го признал делото“ и оти против него ќе биде поднесена кривична пријава за насилство. Според Кривичниот законик, ако биде прогласен за виновен може да добие казна затвор од 3 месеци до 3 години.
Дел од граѓаните, алудирајќи на поранешни слични случаи, се сомневаат дека воопшто ќе има одговорност за случајот. Во март 2018 година беше објавено дека функционерот на ДУИ Беќир Асани нападнал полицајка која се обидувала да го крене неговиот непрописно паркиран џип од пред трговскиот центар Мавровка, но Министерството за внатрешни работи потоа соопшти дека полицајката сама се удрила во пајакот. Дел од граѓаните на социјалните мрежи прашуваат да не испадне дека Бислимоски сам се удирал во тупаниците на Џафери.
Може Бислимовски се сопна и падна во прегратките на А. Џафери? pic.twitter.com/ma1WQcAGt6
— Нервозната (@toopersonal_1) October 6, 2021
Пајакот сега го нападна Марко Беслимовски Директор на Регулаторна.
— Alicia_in_Wonderland_Macedonia (@pitonzmija) October 6, 2021
Како не му е срам на Бислимоски да викне полиција, Аријанит го држи за да не падне, а овој вика полиција.Плачко
— Damarko (@Damarko30) October 6, 2021
Овој Бислимоски сеа сигурно ќе го разрешат ко Пауновски, пошо се дрзна да оди контра ДУИ.
— UFO hunter 🇲🇰 (@FilippoMkd) October 6, 2021
И Рашковски јадеше ќотек од дуи и еве го во апс,така да и на овој Бислимоски не му бега апсаана.А и тепачите натаму идат.
— Поздрав (@dapukne) October 6, 2021
Бислимовски: Не се тепавме! Се гушкавме! Не сме се виделе одамна!🤣🤣🤣
— Flash Gordon (@GoranPavlovski2) October 7, 2021
Аријанит само му ја местеше машната на Бислимовски. - З.З.
— Џорџ Вашингтон (@GeorgeFromMkd) October 6, 2021
На повидок е среќен крај. Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека напаѓачот му се извинил на Бислимоски.
Напаѓачот му се извинил на Бислимовски https://t.co/lv6S28c5BI
— Skopje1.mk (@Skopje1mk) October 7, 2021
Господинот Бислимовски насилно ја зел раката на Џафери и почнал самоиницјативно да се удира во неа.Поднесена е кривична пријава против него, а нашата држава продолжува да гради, едно општество за сите.- Зоран Заев
— Dejan (@Dejan61451106) October 6, 2021
Повозрасните се потсетија и на еден стар скеч од популарните К-15.
Причина за нападот е тоа што Регулаторната комисија за енергетика на 23 септември започнала постапка за одземање на лиценцата на фирмата на Џафери „У Пауер“. Постапката е отворена врз основа на пријава од МЕПСО, од каде алармирале дека фирмата „У Пауер“ ја нарушува стабилноста на системот за електрична енергија и неоправдано троши резерви на струја за сопствен профит.
⚠️Синот на Муса Џафери, Аријанит вчера го нападнал Марко Бислимовски РКЕ, јавно пред луѓе во Дебар Маало(видео) ⬇️ поради одземената дозвола на неговата фирма У Повер.➡️Инаку на У Повер му се доделени најголемите тендери во државата за трговија со струја. pic.twitter.com/UytRXt4vSz
— Шефот (@The_Chief86) October 6, 2021
Дел од граѓаните коментираат дека не може да се очекува борба против криминалот и корупцијата, ако државата не ги заштити токму тие кои се борат.
Поповиќ: Нападот врз Бислимоски е тест за обвинителството - ако нема прогон, може да се спакуваат https://t.co/22SEDyQM9m
— Владо Апостолов (@apostolov80) October 6, 2021
Секој кандидат за градоначалник што кажува дека ќе се пресмета со градежната мафија, треба да биде спремен на дупло појаки боксови од овие што ги јадеше Бислимовски.
— Нон Сограта (@6joco9) October 7, 2021
Други саркастично забележуваат дека Македонија е оаза на мирот.
Го видов клипон син му на Муса Џафери како пијан го влече Бислимовски у дебар маало пошо му зеле некаква дозвола. Ало бре до таму ли е распадната власта у државава??? Дно дна
— andon.ru🔱🔱🔱 (@andon_ru) October 6, 2021
— Лутенет Драгуљче (@SieMiGaDjuro) October 6, 2021
"Аријанит Џафери, син на поранешниот функционер на ДУИ Муса Џафери и сопственик на компанијата за снабдување со електрична енергија „У Пауер“...... "Ќе скенираме ние фискални :))
— Курвин Водењак (@Jovanowsky) October 6, 2021
Како беше изјавата?„Заврши времето на ...“Каубојци?Локални шерифи?Бизнис моќници?Синови на политичари кои мислат дека се помоќни од државата?ВИДЕО | Синот на Муса Џафери го нападнал претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски https://t.co/dkrimA6eSQ via @sloboden_pecat
— Darko Arsovski (@dArsovec) October 6, 2021
Добро е, за малку куртулил Бислимоски! Какви хоштаплери дозволивме да не водат бе!?!😭Божееее...https://t.co/o2GWsWfrRB
— Синот на шнајдерката (@od_Skopsko) October 6, 2021
Од Регулаторната комисија за енергетика велат дека нападот врз Бислимоски нема да смени ништо во начинот на кој постапува Комисијата и оти тие постапуваат според законот и ги водат постапките „врз основа на силата на аргументите, а не на физичка сила“.