Гулаш, ајвар и дипломатија

МАКЕДОНИЈА / БУГАРИЈА -Комисијата што беше формирана од Синодот на Бугарската православна црква за решавање на статусот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, продолжува со својата работа, изјави Старозагорскиот митрополит Кипријан, пренесува БГНЕС.

МАКЕДОНИЈА - На собраниската седница за избор на нови министри, пратениците голем дел од дискусијата ја посветија на случајот Рекет. Од ВМРО-ДПМНЕ случајот го нарекоа ајвар Мамас и рекоа дека за нив нема сомнежи дека во случајот е вмешана и власта, додека од власта побараа темелна истрага на, како што рекоа, случајот унгарски гулаш.

ФРАНЦИЈА - Претседателот на Франција, Емануел Макрон од своите дипломати побарал да работат на повторно вградување на Западен Балкан во Европа.

САД - Американскиот претседател Доналд Трамп ја откажа посетата на Полска, наведувајќи домашни обврски околу ураганот Доријан кој се приближува кон Флорида.

ФИНСКА - Шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини, порача дека на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ забележала посилна поддршка и одлучност за проширувањето кон Западниот Балкан.

ТУРЦИЈА - Шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, изјави дека турската армија ќе ја напушти територијата на Сирија само во случај ако склучи политички договор за конфликтот.

РУСИЈА / УКРАИНА - Украински затвореници, меѓу кои и филмскиот режисер Олег Сенцов и неколкумина морнари, се вратиле во Украина, по завршување на постапката за размена на затвореници со Русија, објавија светските новински агенции.

САД - Американскиот претседател Доналд Трамп разгледувал блокирање на воената помош од околу 250 милиони долари за Украина, јавуваат западните медиуми. Притоа се наведува дека Трамп наредил ревизија на оваа програма што Киев ја користи во борбата против сепаратистите во источна Украина кои се поддржани од Русија.

ФИНСКА - ЕУ треба да донесе одлука да започне преговори за членство со Северна Македонија и Албанија, јави ДПА, пренесувајќи ги ставовите на повеќе министри за надворешни работи од ЕУ и покрај загриженоста за застојот на напредокот во борбата против корупцијата и организираниот криминал.