Германија тоне во темнина: Подготовки за зима без руски гас

Вака изгледаше познатото дрезденско крајбрежје вечерта на 22 август. Светлата обично ја прикажуваат архитектурата на источногерманскиот град, но во последните недели контурите беа темни.

И во Берлин, историските места се главно неосветлени по зајдисонце. Луѓето уживаат во летните вечери во близина на централната берлинска катедрала.

Светилки во Берлин 

Мерките за заштеда на енергија се дел од обидот на Германија да ја намали потрошувачката на енергија и да складира гас бидејќи испораките од Русија стануваат сè понеизвесни.

Берлинскиот Рајхстаг во самрак.

Германија во голема мера се потпира врз Русија за нејзините енергетски потреби. Пред инвазијата на Кремљ врз Украина на 24 февруари, 55 насто од гасот се набавуваше од Русија

Работник демонтира улична светилка во Берлин на 10 август.

Се чини дека Кремљ го користи гасот како притисок врз Германија поради поддршката на Берлин за Киев. Протокот на руски гас преку гасоводот Северен тек 1 беше намален на помалку од 20 насто од капацитетот во јули, при што руски Газпром ја наведе „поправката на опремата“ за прекинот на протокот на гас.

Столбот на победата во Берлин е еден од затемнетите споменици.

На 24 август, Германија одобри драстични мерки за намалување на потрошувачката на енергија, вклучувајќи ограничување на греењето на 19 степени Целзиусови во јавните згради и исклучување на осветлувањето на спомениците. Се размислува и за забрана за греење на приватни базени.

Градското собрание на Аугсбург и околниот плоштад обично се силно осветлени навечер.

Од септември, германската железничка мрежа ќе им даде приоритет на возовите што превезуваат јаглен и нафта, што значи дека патничките возови ќе мора да чекаат додека минуваат вагоните со гориво.

Багер за кафеав јаглен работи во рудникот Тагебау Хамбах на 17 август.

Германската индустрија за јаглен моментално бележи зголемување на продажбата додека потрошувачите се подготвуваат за зимата и растат сметките за гас за домаќинствата.

Работник полни вреќи со јаглен во Hans Engelke Energie, компанија за производи за греење, во Берлин на 10 август.

Во август, шефот на Ханс Енгелке Енерги за АФП изјави дека оваа година имале многу нови клиенти поради евтините производи од јаглен и дрво и дека тој го одложил својот одмор за да биде во тек со побарувачката. „Оние кои се греат на гас, но сепак имаат шпорет [јаглен] дома, сега сакаат да имаат јаглен“, рече тој.

Затемнетата црква Фрауенкирхе во Дрезден на 22 август.

Некои изразија страв од масовни немири во Германија со доаѓањето на зимата, додека енергијата е ограничена и поскапува. Канцеларот Олаф Шолц неодамна ги опиша зголемените трошоци за енергија како „буре барут за општеството“.

Во близина на Вилхелмсхавен на 16 август се гради пловечки терминал за течен природен гас.

Германија гради два терминала за гас кои ќе го насочат увозот од други земји додека се обидува да се снабди навреме за зимата. Берлин има за цел да ги пополни резервите на гас до 95 насто до ноември.