Вухан забрани лов, продажба и јадење диви животни

Kинескиот град Вухан, каде што избувна епидемијата на коронавирус на крајот од минатата година, официјално е забранета трговија со диви животни, што вклучува забрана за лов и јадење на тие видови на животни. Според кинескиот весник „Глобал тајмс“, забраната се однесува на јадење диви и водни диви животни кои се наоѓаат на списокот на заштитени животни, но и оние што биле одгледувани во заробеништво.

Во јануари Кина привремено ја забрани трговијата со диви животни, а еден месец подоцна ја забрани и консумацијата на диви животни. Сепак, се наведува дека, и покрај забраната, продажбата на диви животни на пазарите не е запрена целосно. Иако нема потврда, постојат верувања дека луѓето се заразиле со коронавирусот од диви животни.