Вратени 118 Македонци од Малта, следува враќање од Хрватска

Илустрација - Министерство за надворешни работи на Република Северна Македонија

Македонското МНР соопшти дека во соработка со Генералниот секретаријат на Владата и Министерството за здравство, денеска организираше враќање во земјата на 118 македонски граѓани од Ла Валета, Малта, а во попладневните часови ќе бидат превезени и наши граѓани од Загреб.

„Репатријацијата беше организирана со летови на авиопревозникот Wizzair, којшто за овие две дестинации на јавниот повик од Владата, понуди најниска цена за авио билетите“, соопшти МНР.

Од Министерството потсетуваат, дека граѓаните се обврзани сами да ги покријат трошоците за авио превозот, додека задолжителниот 15-дневен карантин којшто беше еден од условите за нивно враќање е на товар на државата.

Воедно, повикувајќи се на приниципите на солидарност и во духот на добрата регионална соработка, на овие летови ќе бидат превезени и девет странски државјани – по четворица од Хрватска и од Црна Гора и еден од Косово.