Владина седница за новите препораки од Комисијата за заразни болести

Влада на Република Северна Македонија

Влада денеска со почеток во 16 часот ќе одржи седница на која се очекува да се разгледуваат препораките на Комисијата за заразни болести која утринава препорача укинување на полицискиот час, отворање на границите на 1-ви јуни, како и отворање на градинките и угостителските објекти.

Покрај тоа, треба да се изготви протокол за функционирање на сите стопански субјекти, протокол за патувањата и работење на градинките. Според владината прес-служба, одлуките ќе бидат соопштени веднаш по седницата.