Славјето може да почне, министерот за економија Крешник Бектеши најави, дека ,според владините проекции, струјата нема да поскапи повеќе од 10 отсто. Тоа значи дека тие што плаќале сметка од 2000 денари, од Нова година ќе плаќаат по 2200. До половината од наредната година ќе важи мерката за 5 отсто ДДВ за струјата, а потоа ќе се зголеми на 10 отсто, па граѓаните ќе треба да плаќаат по 2300 денари. Сè уште е неизвесно дали ќе остане дневната евтина тарифа на струјата.
Еве праам кафе на ефтина струја
— изноугуд (@IsNog00d) December 8, 2021
Покачувањето на струјата ќе било во интерес на граѓаните и незначително pic.twitter.com/hGjv07jSUU
— Henry Chinaski (@Hank___Chinaski) December 8, 2021
Други, повикуваат да ѝ се помогне на татковината кога ѝ е најтешко.
Вистински патриот користи струја на скапа тарифа.
— Корутина (@korutina) December 7, 2021
Министерот среќен најави дека поскапувањето ќе биде „само“ 10 отсто.
„Со тоа се отфрлаат сите предвидувања од експерти во областа на енергетиката и од одредени политички партии дека зголемувањето ќе биде 30, 40 или 50 отсто“, изјави Бектеши, одговарајќи на новинарски прашања при вчерашната посета на ски центарот Попова Шапка.
До 10% официјално, остатокот на рати. Зошто загубата на ЕЛЕМ и МЕПСО пак ќе си ја платиме ние.Како беше тоа: Колку Тамари потрошите на струја?
— Nurudo The Unbiased (@unbias_nurudo) December 8, 2021
Бектеши рече дека „ако енергетските компании работат на начин како сега“, тогаш во иднина нема да има поскапување на струјата.
Ако се оди по планот...*ништо не оди по планот
— Man (@goranman2) December 7, 2021
Па зошто и досега не работеле како што треба, прашуваат граѓаните на социјалните мрежи, туку Македонија мора да увезува струја 7 пати поскапа од домашната.
Тие намерно во Рек цел живот не копат јаглен (доволно), за да увезват струја фирмите на вмро и ездеес, ти ја шо прашваш. Чунки, галиба, ко да не сте оттука.
— Џеси Пинкман (@maxdestructionn) December 9, 2021
Може и да ископаат нејкеаа водата од езерата , ја престрија во Струја си продава а на грција .СЕга како шторецот Виолинат и свири.
— АЛХЕМИЧАРОТ (@alhemicharot1) December 9, 2021
Владата пред две години почна да дава субвенции за набавка на инвертер-клима за оние кои ќе се откажат од шпоретот на дрва за да се намали загадувањето. Сега граѓаните се прашуваат дали се исплатеше.
Клима имам - струја немамА џанак-баџанак
— Чарли Браун (@3AMOP4E) December 8, 2021
Убаво си се грееше на дрва. Кој ѓавол ме тера да се пребацу на струју. Еве веќ шест саата гу нема струја...Мило ќебенце....
— Аууу Џониии (@AuuuDzoniii) December 7, 2021
Бектеши, заедно со министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и директорот на ЕЛЕМ Турс, Адем Авзиу синоќа пуштија во употреба нов систем за осветлување на ски-центарот „Попова Шапка“. Фотографијата од тој свечен чин ја објавија на социјалните мрежи.
Дел од граѓаните се шегуваат, прашувајќи колку министри од ДУИ се потребни за да сменат сијалица.
Леле истото меме еј pic.twitter.com/h9S9qSvN9Z
— Глупчо (@glupcho) December 8, 2021
Претходно, и министерот за финансии Фатмир Бесими рече дека нема да има значително поскапување на струјата. Веќе почнаа и показни вежби за штедење. На некого мора да му се стемни, за на друг да му се раздени.
🤣УРНЕБЕСНО🤣Која симболика, кога министерот Бесими збори за странски инвестиции, енергетска криза и светла економска иднина... одеднаш се стемни 🤦♂👇👇👇 pic.twitter.com/e908q6lFmb
— MITE NAJDOFF (@Kalabalak_) December 8, 2021
Домашното производство на струја во изминатата деценија е намалено за една четвртина. Освен ХЕЦ Козјак, четири децении не е изграден нов енергетски капацитет, а старите се веќе дотраени. Дополнително, се исцрпуваат и резервите на јаглен, кој и онака е со слаб квалитет.